Југозападен регион


Југозападен регион

Југозападен регион е еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион граничи со следните региони: пелагониски регион, полошки регион, скопски регион и вардарски регион. Југозападен регион е еден од осумте во рамките на Република Македонија, и во него влегуваат 9-те општини: Вевчани, Дебар, Дебрца, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа.


Jugozapaden region

Географска поставеност на југозападен регион

Релјефот на планскиот Југозападен регион е планински и котлински. Преовладуваат високи планини чија надморска височина преминува и над 2000 м. Во регионот најголема е Охридско-струшката котлина сместена помеѓу планините Јабланица и Галичица,во еден дел исполнета со Охридско Езеро. Регионот е карактеристичен по извонредната застапеност на пештери со оглед на варовничкиот состав на планините. Изобилува со природни, вештачки и глацијални езера, и е еден од најпошумените во Република Македонија.


Jugozapaden region

Карактеристики на регионот

На територијата од 3.340 km ², во 286 населени места, живеат вкупно 222.064 жители, од кои 50,15 насто се мажи. На територијата на Југозападниот плански регион живеат 10,83 насто од вкупнато популација во државата. Во три општини од регионот - Струга, Охрид и Кичево живеат 79,19 насто од вкупното население во регионот. Просечната густина на населението во државата е 81,3 жители, а во Југозападниот плански регион е 66,4 на км ².


Jugozapaden region

Земјоделски карактеристики

Регионот располага со земјоделски површини од 103,373 ха, со помалку од 50 проценти се обработливи површини, односно 50,667 ха. Останатиот дел отпаѓа на пасишта. Вкупните земјоделски површини во Македонија се 1,077,235 ха, што значи дека во Југозападниот плански регион се простираат само 9,59% од вкупно обработливите површини на ниво на земјата. Во регионот најмногу се произведува пченица, пченка и компир, а од овошните насади најголеми се приносите на јаболка, сливи, круши и цреши.


Jugozapaden region

Потенцијал за туризам во југозападниот регион

Значајна гранка во регионот е туризмот со оглед на фактот што од вкупниот број соби на ниво на државата, дури 61,87% се на територијата на овој регион. Најголемиот дел од нив се во двата најзначајни туристички центри во државата - Охрид и Струга, кои се простираат на брегот на едно од најстарите езера во Европа, Охридско Езеро. Од вкупниот број посетители што на годишно ниво, дури 46,6 % престојуваат во населените места во планскиот Југозападен регион. Така, просечно, годишно овде се остваруваат околу 1,300,000 ноќевања од домашни и странски гости, што е 65% од вкупно остварените ноќевања на ниво на земјата.


Jugozapaden region




Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.