Велосипедизам

 

 

Македонија на велосипед

Направете го вашиот следен европски одмор авантура на Балканот! Поминете 9 денови на велосипед низ македонските краишта, поминувајќи скоро 150 милји; ноќевајте во древни манастири; доживејте го легендарното гостопримство во малите македонски села, и уживајте во фасцинантни кулинарски искуства; посетете го познатото Охридско Езеро (бисерот балкански); и направете го сето тоа по пристапни цени! Вашата велосипедска тура низ Македонија ве очекува!

Наша цел е да го направиме вашиот велосипедски одмор во Република Македонија незаборавен. Организираните велосипедски тури нудат единствен начин да се поврзете со природата и да ги истражувате локалната култура, фолклор, народ и обичаи. Со други зборови, се што може оваа земја да понуди за ваше задоволство.

Република Македонија е единствено и волшебно место кое никој не го посетил. Свежото лице на земјата и оние непосетени села од туристи, наголемо ги привлекуваат патниците кои веќе посетиле многу други места. Ќе продолжиме да ги охрабруваме пријателите и велосипедските придружници да учествуваат на велосипедски патувања, и самостојно да патуваат низ Македонија.

 

 

 

 

Република Македонија поседува хидрографски објекти како врутоци, извори, реки, езера, термални извори. Како резултат од тоа постојат можности за огромен број активности, спорт и рекреација.

 

Најдобри велосипедски патеки во Македонија

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.