Параглајдинг



Параглајдинг во Македонија



Република Македонија е едно од најатрактивните места за параглајдинг во светот. Недопрена земја, храна која се памети и пријатно сместување за пилотите. Фасцинантните планини, со повеќе врвови над 2,500 метри и големи долини наоколу, со регуларни патишта до секоја тревна површина за полетување. Македонија е идеален избор за љубителите на поекстремните спортови, жедни за авантура и многу адреналин.


Info

Македонското небо е рај за параглајдинг

Тоа што секој млад човек го посакува е пронаоѓање себеси во просторот што го опкружува. Параглајдерството тоа и го овозможува, блискост со природата и претворање на сонот во стварност. Параглајдерството како рекреативен, натпреварувачки и авантуристички спорт е широко распространета низ целата земја. При посета на клубовите во Скопје, Прилеп, Маврово и Крушево, ќе добиете целосна опрема и професионални водичи за овој спорт. Македонските планини се погодни за полетување, а долините и низините овозможуваат безбедно и удобно слетување. Овие региони имаат неверојатни пејзажи кои со сигурност вредат да се видат.


Info

Една од најдобрите европски и светски локации за параглајдинг е нашиот највисоко поставен град Крушево. Уникатните временски услови, планинските гребени и широките долини овозможуваат да се постават предизвикувачки и долги таскови на трката, Најатрактивно е полетиштето на “Мечкин Камен“. На надморска висина од 1420м со поглед исток-североисток кон долината Пелагонија.


Info

Небото над Македонија полно со змејови

Благодарение на Воздухопловна Федерација на Македонија во нашава земја се одржуваат големи првенства, кои ја ставаат Македонија на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање и параглајдинг од Европа и ширум светот. Тоа претставува одлична можност за промоција на нашата земја не само како туристичка, туку и како дестинација со одлични услови за слободно летање, особено за организирање на натпревари од висок ранг.

ВФМ со Аероклубовите располага со пет (5) спортски аеродроми во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и Битола во рамките на кои функционираат воздухопловно школски центри. Во петте Аероклуба се врши обука на ракетни и воздухопловни моделари, едриличари, падобранци и пилоти на моторни авиони. Обуката за параглајдинг се врши во рамките на неколку параглајдерски клубови членки на Воздухопловната Федерација.


Paraglajding vo Ohrid Makedonija

Временски услови и информации за параглајдинг во Крушево

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.