Јавање

 

Јавање

 

Експедицијата со јавање е патување на коњ, што можеби ќе вклучи и по некоја тешкотија, но на крај ќе бидете наградени со искуство кое ќе се памети и глетка која што инаку не би имале можност да ја видите. Истражете ги македонските планини на коњ!

Најпопуларните дестинации за јавање се: Маврово и Водно.

Истражување на Националниот парк Маврово на коњ

Одморот на коњи нуди оригинално искуство на богатството на Националниот парк “Маврово“. Особено ваквиот одмор е одличен начин да се открие прекрасниот  природен предел далеку од гужвите на урбаниот живот. Ќе посетите места со волшебни глетки, моќни планини, кристално бистри реки и водопади, мазни и пространи зелени висорамнини. Сместување во стари села, уживање во вкусовите на домашните прехранбени продукти понудени во локалните бачила, понекогаш и седење покрај оган, или едноставно престојување во природата, седење на камен на сред некое пасиште, уживање во сјајот на животот и природата.

Истражете ја планината Водно (скопски регион)

Уживајте во фасцинантниот панорамски поглед на Скопје од планината Водно, јавајте низ ливадите и недопрените шуми. Добредојдени се истовремено оние со основни  познавања за јавање, како и оние кои не јавале досега. На турата е понуден западниот стил на јавање, ќе јавате на балкански планински коњи, мали и жилави, но сигурни на стрмните терени. Во текот на јавањето треба да обрнете поголемо внимание и да спакувате соодветна облека за пат и да бидете сигурни дека сте во добра кондиција за да го издржите патувањето.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.