Струга


Како Струга нема друга

Струга е град во југозападниот дел на Република Македонија и центар на Општина Струга. Лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридско Езеро. Античкото име на градот е Енхалон кој на старогрчки значи јагула и во тоа време градот бил мала населба. Подоцна населбата го добива името Струга.


Името на Струга

Името на Струга произлегува од чист и карактеристичен словенски збор. Народот од Струшко и Охридско дава две свои објаснувања за потеклото на ова име. Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од отворената географска положба на градот: место каде што постојано струже (дува) ветер.


Второто е сосем поинакво : Одамна некогаш македонските Словени (Брсјаци и Мијаци) во Струшко се занимавале со сточарство и во точно определено време ги дотерувале многубројните овци на стриг (стрижење волна) во близина на истекот (Устата) на Црн Дрим од Охридското Езеро. Меѓутоа, тоа може многу пологично да се поврзе со преминот низ ограда за молзење овци, наречен струга (страга, стронга). Некои автори тврдат дека градот е наречен така заради тоа што Црн Дрим поминува низ далјаните (турски збор за место заградено со трски и друг материјал за лов на јагули и риби воопшто). Можеби е најблиску до вистината објаснувањето дека Струга значи речен ракав, притока  и тоа на место со уреди за риболов.


Струга

Историјата на градот

За првпат под словенското име Струга, градот се споменува во еден документ од XI век. Струга е стара населба која потекнува од неолитскиот период. Во антиката, Струга има многу профитирано заради тоа што се наоѓала на патот Виа Игнација, кој ги поврзувал Источното и Западното Римско Царство. Археолошките наоди и откриените пишувани споменици зборуваат дека животот овде датира уште од праисторијата. Првата неолитска населба е регистрирана околу 3.000 години п.н.е. Заокруженa со планински предели на запад се наоѓа Јабланица, на североисток Караорман и на југоисток Галичица, како и отвореноста на Струшкото Поле, условиле пониски годишни температури.


Климатски услови

Максималните воздушни температури во месеците јули и август можат да варираат од 28°С - 33°С. Во летната сезона односно месеците јули и август, температурата на водата може да достигне дури 26,4°С. Просечниот број на денови со летна температура на воздухот повисока од 25°С и на површинскиот дел на водата од езерото од 20°С, изнесува од 73-78 денови, со најголем интензитет во јули и август. Во зимскиот период од годината средните месечни температури се над нулата. Во планинските делови над 1600 м.н.в. температурите пониски од 0 степени започнуваат од декември до крајот на март.


Струга

Географска положба

Географската положба на Струга, отвореноста на Струшката Котлина, планините околу градот како и близината на езерото, овозможуваат во Струга да дува ветар од сите страни. Ветровите се делат на постојани и локални. Во постојаните ветрови спаѓаат ветровите што доаѓаат од југ и од север. Ветровите од север обично доаѓаат по долината од реката Црн Дрим и носат свежина, ги има низ целиот период на годината, но најчесто во зима. Јужниот ветер дува обично во март и април,а поретко во мај. Јужниот ветер е погоден за лов на јагула, плашици, грунец. Локалните ветрови се производ на нееднаквото загревање на копното и езерската водена маса. Карактеристичен ветер за Охридското Езеро е ветерот Стрмец. Доаѓа од околните планини и затоа е студен, дува преку цела ноќ до изгрејсонце со тивок ветер и полн бран.


Кејот на Црн Дрим

Идеални за мирна прошетка и уживање во прекрасна глетка покрај самата вода, кејовите на Црн Дрим имаат клупи и сенки и се поврзани со три мостови. Кејот од источната страна од истекот на реката од езерото се вика “Сергеј Есенин” и се наоѓа до влезот на градската плажа. На овој кеј, покрај на Есенин, се наоѓаат и бистите на Адам Мицкјевич и Ацо Шопов. Водата од Охридскот езеро истекува низ реката Црн Дрим која, поминувајќи низ средината на градот, низ Струшкото Поле и клисурата, продолжува низ Албанија и се влева во Јадранското Море. Истекот на водата во близина на хотелот Дрим е посебна атракција за секој посетител на Струга.


Струга

Црква Св. Ѓорѓи (1835)

Св. Ѓорѓи претставува градска Соборна црква во центарот на Струга. Изградена е на темелите на многу постара црква од XVI век. Содржи фрески од крајот на XIX век, но вистинско богатство претставува малата галерија на икони од XIII век до XIX век, вклучувајќи ја и познатата икона на Св. Ѓорѓи насликана во 1267 година. Долгиот напис на позадината од иконата значи “Струга Охридска”.


Струга

Народен музеј Д-р Никола Незлобински

Народниот музеј во Струга е формиран во 1928 година од страна на д-р Никола Незлобински, римски емигрант, кој дошол во Струга по Руската револуција во 20-тите години од минатиот век. На почетокот е отворено природно-научно одделение, со постојана зоолошка збирка составена од неговата лична колекција, која денес е збогатена со разновидни инсекти, птици, риби и животни од Охридско-преспанскиот регион. Незлобински и неговите соработници препарирале стотици инсекти, птици и животни, кои живееле во мочуриштата во близина на Струга. Подоцна, во 1961 година во музејот е формирано археолошко одделение, во кое е сместена богата збирка предмети од праисторијата до средниот век. Во 1974 година е формирана уметничката галерија Вангел Коџоман, познат уметник од Струга, со постојана уметничка поставка. Музејот врши истражувања и собирање материјали од областа на историјата, археологијата, етнологијата, ботаниката и зоологијата.


Струга

Спомен- куќа на браќата Миладиновци

Спомен-куќата на браќата Димитар и Константин Миладиновци се наоѓа во центарот на Струга. Реновирана е врз темелите на старата куќа на Миладиновци. Во неа се наоѓаат материјали од животот и делата на овие знаменити македонски преродбеници, добитници на Златен венец на поезијата. Во чест на нивните поетски достигнувања и збирки на народни песни и умотворби, објавени во познатото дело Зборник на народни песни, денес се одржува познатата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Манифестацијата традиционално започнува со незаборавната поема Т’га за југ од Константин Миладинов, напишана додека престојувал во Москва.


Струга

Калишта

На пет километри југозападно од Струга, веднаш на брегот на езерото се наоѓа селото познато по старите цркви и манастири и рибните специјалитети. Во Калишта, на самиот брег на Охридското Езеро, во природен карпест амбиент се наоѓа манастирот Рождество на пресвета Богородица, меѓу народот познат како Калишки манастир. Во склоп на комплексот влегуваат една пештерска и една нова црква посветени на Рождеството на Пресвета Богородица, црквата посветена на светите апостоли Петар и Павле и пештерската црква посветена на св. Атанасиј. Новата црква е обновена во 1977 година, а темелите датираат од XIII век. Во манастирот има монаштво и активен монашки живот.


Струга
Струга
Струга




 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.