Лов и ловишта во Македонија
Ловот и Ловиштата во Македонија се карактеризираат со богата вегетација и животински свет, што овозможуваат добри услови за исхрана на дивечот како и природни засолништа. Сите ловишта низ Македонија имаат чиста вода која овозможува опстанок на животинскиот свет и вегетацијата. Ловот, како спорт, станува се поатрактивен во оваа земја.
Регионот Ниџе
Македонија располага со многу региони, а еден од најпознатите е регионот Ниџе кој се карактеризира со богата вегетација и животински свет што се одлични предуслови за лов. Вегетацијата во ловиштето овозможува добри услови за исхрана на дивечот како и природни засолништа. Засолништата се резултат на различни типови на шумски заедници на даб благун и бел габер, даб горун, суб алпската, горската и под горската бука, борови и елови шуми. Во највисоките делови од ловиштето, каде престанува шумската вегетација, се јавуваат разни алпски тревни заедници.
Опис на регион
Пределот на кој се простира ловиштето ги задоволува вкусовите на ловните туристи и на сите вљубеници во природа и ловот. Езерото „Чебен“ ја дополнува природната убавина на регионот. Растението кајмакчалански каранфил (Dianthus kajmaktzaianicus) е јужнобалкански ендемитет, присутен на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе, на околу 2.500m надморска висина. Станува збор за многугодишно високопланинско растение, кое расте прилегнато кон почвата или малку исправено. Ова образува многубројни гранчиња кои на врвот завршуваат со цветови. Во ловиштето редовно се среќаваат срна, дива свиња, зајак, еребица каменарка, разни видови на гулаби, шумска шлука. Од дивеч без заштита за лов може да се сретнат волк, лисица, ласица, куна белка, куна златка, твор, страчка, јастреб кокошкар и други.
Историја на регионот Ниџе
Врвот Кајмакчалан има свое високо историско значење за европските народи. Токму на ова ловиште во 1916 година, се одвивала познатата битка за кајмакчалан за време на првата светска војна. Како историска атракција, денес, може да се посетат големиот број на споменици, бункери и гробови, кои се цврст доказ за тоа време. Ловиштето Ниџе е атрактивна локација за многу посетители заинтересирани за лов, туристи, поради богатата историја, природните убавини и дивечот.
Ловиште Ниџе
Југоисточно од градот Битола, во областа позната како Мариово се наоѓа Ловиштето за крупен дивеч - Ниџе. Вкупната површина на ловиштето изнесува 20.286ha, а ловната површина изнесува 19.694ha. Застапеноста на најразлични типови шуми, на дивечот му обезбедуваат природни засолништа, што е многу значајно, особено во репродуктивниот период.
За лов на Ниџе застапени се дивата свиња и срната, но во одделни делови од ловиштето постојано се сретнува и дивиот зајак. Тој и покрај тоа што е ситен дивеч, се појавува во мал дел од површината на ловиштето и тоа на 1.200m надморска височина. Во ловиштето редовно или периодично се среќаваат и јазовец, еребица каменарка, разни видови на гулаби, шумска шлука ... Од дивеч без заштита се сретнуваат волк, лисица, ласица, куна белка, куна златка, твор, страчка, јастреб кокошкар и други. Ловиштето има и историско значење стекнато за време на Првата светска војна, при што линијата на фронтот каде се бореле голем број на војници од разни европски земји, се протегала на дел од просторот на ловиштето. Тоа е дел од историјата на сериозен број на европски народи и поголемиот број на ровови, бункери и разни други остатоци од тоа време, во денешницата претставуваат значаен историско-културен споменик.
Ловиштата во Македонија
Во ловиштата низ земјата има ситен дивеч, пердувест и влакнест дивеч. Волк, куна, твор, лисица, јастреб, ласица и многу други спаѓаат во дивеч без заштита за лов. Многу од ловните површини поминуваат низ делови каде може ловците да се запознаат со културата на државата, религијата и историјата. Локациите на ловиштата се атрактивни и полни со возбуда од секаков тип.