Радика


Живописна кањонска долина

Живописната кањонска долина на реката Радика му дава посебна убавина на националниот парк Маврово. Во чистите бистри и студени води единствено може да се сретне радичката пастрмка. Запознавањето на кањонската долина на Радика, започнува кон патот за Дебар, од Трница. На ова место долги години наназад минувачите застанувааат на домашен бакардан и овчо кисело млеко.


Радика

Каде е лоцирана Радика?

Радика е лоцирана во најживописниот предел на Западна Македонија, а тоа е Реканскиот крај.  Името го добил токму пи смарагдната река , чија боја доаѓа од присуството на калциум карбонат во проѕирно- чистите води. Посебен шарм на долината на оваа река и дава и народната оргинална архитектура на селските куќи од околните села како Битуше, Јанче, Гари и Лазарополе. Реканците отсекогаш биле познати фреско-сликари, копаничари, мозаичари.


Радика

Река на два слива

Најзначајна притока на Црн Дрим е реката Радика, долга 64,7 км. Реката извира на 2.200 метри надморска висина од врвот Голема Враца на Шар Планина. Реката го градела еден од најатрактивниот кањон милиони години, пробивајќи се меѓу плланинските страни на Бистра и Стогово на Исток и Кораб и Дешат на запад. На југ се граничи со Дебарската котлина, а на север со Шар Планина. Радика е единствена река со бифуркација во Македонија, која дава вода на два слива, Јадранскиот и Егејскиот слив. Со канали дел од водите на реката се носат во Мавровското Езеро и го полнат со вода, а од тука со подземни тунели во Вардар. Тука е изградена ХЕЦ „Врбен“. Во својот тек Радика прима повеќе притоки од кои подолги од 10 км се само: Мавровска Река, р. Рибница и Мала Река.


Радика

Туристички локации по долината на реката

По патот кон нејзиниот извор, Радика има неколку туристички локации. Кон Ничпур и Стрезимир има неколку пристапни места каде може непречено, во мир и спокојство да се ужива во жуборот на водите на оваа преубава река. На првото, близу до регионалниот пат, направен е див авто-камп, а понатаму кај Ничпур се наоѓа црквата на ридот и изворите во подножјето. Тука има летниковец и место за движење, како и приод до реката, место за скара, и на секој чекор изворчиња - буквално, дури и по патот. За нагоре, по патот, згодно е да имате некое теренско возило зашто е стрмно, тесно, лизгаво.


Повеќе информации за реката Радика на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.