Шопинг центри и пазари
Искуството за пазарење во Македонија е разновидно. Од модерни шопинг центри со врвни брендови, па се до пазари со трандиционални изработки.
Скопје
Стара Чаршија
Еден од најголемите пазари на Балканот е старата скопска чаршија. Иако се развивала и менувала во текот на вековите, сепак ја задржала нејзината оригинална употреба како место за шопинг. Старата чаршија отсекогаш била простор за шопинг и контактна зона на христијанското и муслиманското население, бидејќи тие живееле во одделни делови на градот. Занаетите биле неформално поделени помеѓу христијаните и муслиманите. Продавниците имале иста големина, без разлика дали биле во сопственост на муслиман или христијанин. Секоја уличка била домаќин на различни занаети, а изгледот на продавниците повеќе или помалку унифициран. Излозите биле со дрвени капаци кои се спуштале додека продавницата била отворена, а стоката изложена. Старата чаршија била опкружена со пазари. Различни пазари биле поставени на спротивни страни на чаршијата. Во старата скопска чаршија постоеле и други објекти, како амами (турски бањи), анови (хотели), џамии и неколку цркви. Надворешните ѕидови вообичаено биле опкружени со продавници, за да не остане просторот неискористен.
Бит Пазар, зелен пазар и Буњаковец
Најголемиот зелен пазар во Скопје. Почнува каде што завршува чаршијата, а на истото место постои веќе неколку стотици години. Прошетката низ него може да биде забавна, тука може да набавите евтино овошје, зеленчук, салати, сирење, зачини и цвеќиња. Уште еден добар пазар за посетување е Зелениот пазар (Зелено пазарче) во близина на зградата на Парламентот, како и пазарот Буњаковец во близина на Соборниот храм.
Скопје Сити Мол (Skopje City Mall)
Најголемиот трговски центар во Скопје. Тука можете да ги најдете сите меѓународни брендови. Во шопинг центарот се наоѓаат и неколку кино сали, како и различни опции кои нудат забава за сите возрасти.
Шопинг центар Рамстор
Рамстор е шопинг центар изграден и организиран во американски стил, со убави продавници, ресторани, кафулиња и кино сала.
ГТЦ – Градски трговски центар
Најголемиот шопинг центар во градот. Изграден е во 1978 година, според проектот на архитектот Живко Поповски. Во него има кафулиња, ресторани, барови, банки, продавници, па дури и сала за куглање, а за разлика од другите центри за шопинг се разликува по својот стил и градба кои овозможуваат полесна фрекфенција и проветрување.
Супер Веро Центар
Уште еден шопинг центар од американски тип, неодамна изграден и е дел од ВЕРО групацијата. Простран, со огромен супермаркет, неколку ресторани и кафулиња, и големи продавници за детски играчки.
ТЦ Бисер
Ова е шопинг центар со симпатични кафулиња, барови и продавници. Се наоѓа во скопската општина Аеродром. Многу млади луѓе од градот доаѓаат тука да го поминат своето слободно време поради изобилството од кафулиња и мали ресторанчиња.
Капитол Мол
Самиот комплекс дава значење на животниот стандард на граѓаните, што го прави атрактивен и урбан, со различни трговски марки, супермаркет, и зона со ресторани за брза храна, детски центар, фитнес клуб, со резервација и слободен паркинг простор, и многу други услуги. Со внимателно разработени архитектонски детали и рационални решенија, Capitol Mall & Residence е креиран со една идеја во глава: да биде оаза на удобно живеење за неговите резиденти - активни вработени луѓе кои го ценат квалитетот на животната средина за нив и за нивните деца.
Тетово
Во градот Тетово се наоѓа најпознатиот мол – Палма мол. Во него, како и во други молови има различна содржина која ќе ги задоволи интересите на сите посетители.
Битола
Битола е позната по својот Широк Сокак и широкиот спектар на продавнички кои продаваат од традиционална, па се до модерна гардероба, парчиња накит, аксесоари.
Охрид
Чаршијата во Охрид има вековна традиција. Во неа покрај традиционалниот охридски бисер кој е обележје на градот, има голем избор за шопинг кој е подготвен да одговори на сите барања.