Тетово


Генерални податоци за градот Тетово

Тетово е град во северозападна Македонија, на падините на Шара, односно во долната Полошка Котлина. Тетово е седиште на истоимената општина која зафаќа простор од 261,89 км2, заедно со новосоздадените општини коишто произлегуваа од неа и кои и ден денеска гравитираат кон неа.

Легенди за градот Тетово

Во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите. Никој не се обидувал на страшната ѕверка да и излезе на мегдан. Само некојси Тето  наоружен со лак и стрела се упатил кон загрозеното место. Кога стигнал таму, се појавила змијата и му го попречила патот. Тето не се уплашил. Го оптегнал лакот, а змијата разлутена со голема брзина се упатила кон пленот. Но Тето бил бестрашен. Кога влекачот се доближил до него, тој замавнал со остриот и шилест меч и го пронижал. Така биле ослободени луѓето од страшилиштето, од опасната ѕверка. Излегол и стравот од нив, а преминот меѓу двата рида бил слободен и лесно прооден. Местото каде што била убиена змијата со меч и штит, (калкан), било наречено Калкандели, а градот, (на турски), - Калканделен. Во сеќавање на јунакот Тето, пак, месното население населбата ја нарекло со името Тетово.

Историја за името Тетово

Другата верзија е дека името потекнува од старословенскиот збор „хътѢти“ - сака, „хътѣтово“ - сакано место. Околу средината на XV век, со отпаѓањето на буквата “х”, населбата била преименувана во Тетово. Според народната етимологија, Тетово произлегувал од зборот тетива. Во врска со ова толкување, уште тогаш се појавило и турското именување на населбата - Калканделен. Во еден хрисовул на цар Душан од средината на XIV век, Тетово се споменува како село, а како градска населба се споменува во текот на XV век, и тоа главен пункт на Долна и Горна нахија. Познатиот турски патописец Хаџи Калфа, кој го посетил Тетово околу средината на XVII век, градот го спомнува со имињата Калканделен и Тетова. На албански јазик името на градот е Tetovë, односно Tetova.


Info

Раниот развој на градот

Според најновите податоци добиени преку археолошките ископувања на неолитските наоѓалишта Тумба кај с. Долно Палчиште (1987/88.) и под село тумба кај с. Стенче (2000.), најстарите траги на живот во Полошката Котлина датираат од пред 8000 години или поточно од 6100-тата година. Од овие наоѓалишта потекнуваат голем број ископани фрагменти, но и целосно сочувани парчиња на грнчарија, но и жртвеници и статуетки посветени на женскиот култ. Поголем дел од Тетово се протега во рамничарско подрачје, а само помал дел, лежи на падините на Балтепе, брдо високо 806 метри. Апсолутната надморска височина на градот се движи меѓу 450 и 500 метри. Во последно време урбанистите прават напори, градот да се шири кон планинското подрачје кое е благо издигнато и поволно за градски градежен реон.

Климатски услови

Град во кој има средно континентална клима со топли и релативни влажни лета, зимата ладна и снежна, пролет и есен со чести врнежи. Природните услови како климата, релјефот, геолошкиот состав на земјата, овозможиле во Тетовската околина да се појават многу извори на вода. Затоа, Тетово е еден од ретките градови во Македонија, кој има питка вода, вода за потребите на индустријата и вода за наводнување. Градот во минатото бил поделен на два дела, Горна и Долна Чаршија. Во горниот дел живееле претежно муслимани, а во долниот христијаните. Тетово како мултикултурна средина се карактеризира со главно две поголеми религии. Тоа се исламот и христијанството, т.е. православието. Седиштето на Полошка епархија се наоѓа во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово.

Тетовско Кале (XIX век)

Или тврдина од поново време, изградена околу 1820 година. Се наоѓа во непосредна близина над Тетово, во подножјето на Шар Планина. Има надморска височина од околу 800 метри, а во однос на градот се издига со околу 300 метри.Изградбата ја започнал Реџип-паша и ја продолжил неговиот син, Абдурахман-паша. Калето е градено од бигор и делкан камен. Денешниот археолошки комплекс се состои од ѕидини, во чија внатрешност се наоѓаат пет сараи, бања, магацини, големи кујни, трпезарија и бунар. Од постарите објекти, тука се наоѓа црквата Св. Атанасиј од XIV век. На ѕидините на Калето постоеле и кули, а постојат и остатоци од подземен затвор и три тунели, кои од Калето водат кон Тетово, кон селото Ларци и кон реката Пена.


Info

Црква Св. Кирил и Методиј

Оваа црква е лоцирана во стариот дел на Тетово. Изградена е во периодот од 1903 до 1918 година, а осветена е во 1925 година. Фрескоживописот го изработил Данило Несторовски во 1924 година. Црквата претставува трикорабна базилика со централна купола.


Info

Етно-музеј во Џепчиште

На пет километри од Тетово, во приватна викендичка во селото Џепчиште, се наоѓа мал етно-музеј, со експонати кои датираат од VIII век п.н.е. до XX век. Во внатрешноста има место само за еден посетител. Експонатите се изработени од различни материјали (керамика, бакар, железо), а поставката ја збогатуваат експонати, кои ги донеле Македонци и Албанци, жители на овој крај. Музејот има амбиција да се запише во Гинисовата книга на рекорди како најмал етно-музеј во светот.


Info

Шарена џамија (XV век)

Тоа е споменик на културата од XV век, кој е надграден и проширен во XIX век од страна на Абдурахман паша, турски феудален господар на Тетовскиот пашалак. Се наоѓа во стариот дел на Тетово, покрај реката Пена. Претставува еднопросторна квадратна градба со архитектонска комбинација на барокниот и неокласичниот османлиски градежен стил. Податоците за историјата на Шарена џамија се врежани во записите издлабени на мермерните плочи поставени над нејзината влезна врата. Шарената џамија со нејзината фасада е посебно привлечен споменик на културата во Тетово. Бројните живописно насликани орнаменти, сликовитоста и употребените сликарски техники претставуваат раритет и извонредно дело на исламската архитектура. Тие се дело на искусни мајстори од Дебар, кои освен што ја насликале џамијата однатре и однадвор, истовремено го декорирале и дервишкото Арабат-баба теќе и неколку куќи на бегот. Особено е живописана јужната страна која се гледа од главниот пат што води кон Гостивар.


Info

Арабат-баба теќе (XIX век)

Арабат-баба теќе е изградена во XIX век од страна на Реџеп паша и неговиот син Абдурахман паша. Претставува верски објект, покрај турбето на Серсем Али-баба од XVI век, а до ден денес зачувани се шадрван, кула, турбе, кујна со трпезарија, чешма, гостински конак, дервишхане и харемлак. Сето ова е дел од комплексот, во кој до 1912 година имало активен дервишки живот до 1912 година. Денес тука е Народниот музеј на Тетово.


Info

Лешочки манастир Св.Атанасиј (XIV век)

Во комплексот на Лешочкиот манастир спаѓаат манастирската црква Св. Атанасиј од 1335 година, црквата Света Богородица, која постои од XIII век и се спомнува во грамотата од Стефан Дечански од 1326 година, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век. Посебно се истакнуваат културните и духовните вредности на црквата Св. Атанасиј. Во манастирот е сместен гробот и спомен-собата на Кирил Пејчиновиќ, еден од најголемите македонски преродбеници од XIX век. Со неговото доаѓање од Света Гора во 1818 година, обновени се манастирските конаци и основана е манастирската библиотека, а Лешочкиот манастир прераснал во книжевен и просветен центар. Повеќе пати бил пален и обновуван. Во 1960 година турците ги разурнале и манастирот и црквата Света Богородица, а манастирот беше многу оштетен и во 2001 година. Со помош од Европската Унија, повторно е автентично возобновен.


Info

Попова Шапка

Шар Планина се наоѓа во близина на Тетово, со должина од 80 км и со површина од 1.600м2. Попова Шапка, со надморска височина од 1.780 метри, е туристички локалитет на Шар Планина и еден од најпознатите зимско-рекреативни центри во Република Македонија. Располага со извонредно поволни терени за скијање и санкање, опремени со повеќе жичарници и ски-лифтови. На Попова Шапка има голем број викенд-куќи и современи туристичко-угостителски објекти. Шар Планина изобилува со високо планински пасишта и високо стеблести четинарски шуми, од кои најзастапени се високата ела и смреката. На Шара се среќаваат над 200 ендемични растенија, што е највисок процент на ендемизам во Македонија.


Info

Шарпланинец

Расата Шарпланинец е ендемски вид и гордост на Шар Планина и Македонија, а потекнува од Тибет, од падините на Хималаите. Се прилагодил кон суровите услови на македонските планини, во кои живее со векови. Првпат е изложен во Љубљана во 1926 година. Во 1939 година, шарпланинецот е запишан во Меѓународната кинолошка федерација (FCI), која ги регистрира сите раси на кучиња. Македонскиот шарпланинец е првак на Европа за 2008 година во конкуренција од 10.000 кучиња.


Info





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.