Основни информации за Tуризам


Основни податоци за Tуризам во Македонија

Значењето на самиот туризам во Македонија е дел од исконската љубопитност и желбите и активностите на човекот за осознавање на светот околу себе, има многу брз тренд на развој, како во светот, така и во Македонија. Туризмот на луѓето им нуди содржинско користење на слободното време во простори, кои со својата природна и социјална карактеристика се основа за нови атрактивни доживувања и за релаксирање. Туризмот како стопанска гранка е значаен предизвик и за економскиот развој на земјите.


Tуризам во Македонија

Историја на туризам во Македонија

Едно од првите објаснувања на туризмот како систем е дадено уште во 1985 година, од страна на Мил и Морисон, кои него го толкувале и објаснувале од аспект на понуда и побарувачка. Нивниот модел се состоел од четири поврзани елементи: пазар, маркетинг, патувања и дестинации.

Записите за туризам во Македонија датираат од почетокот на 20-от век. Врз основа на документите во Историскиот архив во Битола, откриени се материјали и написи во стари весници. Во нив се потврдува дека на 21 мај 1914 година, било организирано патување на 120 битолчани до Валево и до Белград. Патниците биле испратени на железничката станица, од голем број граѓани на Битола. Притоа, дел од учесниците на патувањето отишле да ги посетат своите синови во српската војска. За дел од учесниците, патувањето било од туристички побуди.


Во Битола имало туристичко здружение "Јужни езера" уште во 1927 година. Во 1936 година, со пуштањето на железничката линија Битола-Скопје, дошло до поинтензивен развој на туризам во Македонија, така што се организирале ученички екскурзии. Македонија, а посебно Битола ја посетувале и голем број Французи, кои учествувале во борбите на Кајмакчалан, за време на Првата светска војна. Во 1939 година, бил направен и план за изградба на куќа на Големото Езеро на планината Баба, а истовремено се развивал и планинскиот туризам во Македонија на планината Пелистер. Странските туристи се интересирале и за Хераклеа, каде што ископувањата започнале во 1934 година.


Tуризам во Македонија

Потенцијали за туризам во Македонија

Со помош на туризмот се зголемува економскиот раст и развој на земјата, се привлекуваат нови инвестиции, се креираат нови работни места, се подобрува животниот стандард. Туризмот, исто така помага и за стимулирање на локалната индустрија и трговија, за промовирање на културните вредности и природните богатства. Како и за заштита на културното наследство и слично. Интернетот, како и електронските социјални мрежи, значително влијаат врз туризмот преку онлајн понудите на многу производи и услуги.


Интернетот е главен извор на информации, во време кога конкуренцијата на туристичкиот пазар е огромна. Доколку туристичките агенции и туристичкиот сектор, сакаат да бидат успешни и да бележат постојан развој во нивната работа, треба да се прилагодат на овие промени. Ова особено се однесува на онлајн туристичката понуда. Тоа е така затоа што потенцијалните туристи и патници имаат се поголема потреба од информации за туристичките дестинации што сакаат да ги посетат.


Македонија има потенцијал за многу видови туризам, но најголем интерес има за културниот, верскиот, активниот и за руралниот туризам, потоа има интерес и за нашата храна, нашите винарии, како и интерес за посета на нашите најголеми природни езера – Охридско езеро, Преспанско езеро и Дојранско езеро. Во поново време се понагласена е потребата од развој на активниот туризам во Македонија. Алтернативниот и авантуристичкиот туризам, за кои постојат одлични услови – питоми и стрмни планини, скијачки терени, мирни и брзи реки, широки низини…


Tуризам во Македонија

Економија на туризам во Македонија

Македонскиот туризам изминативе десетина години е во подем и бележи раст од околу 140%. Туризмот ја промовираше земјава како интересна туристичка дестинација на Балканот. Истовремено побуди интерес за посета на гости од повеќе земји од светот.


Бројот на туристи во Македонија од година во година рапидно расте. Просекот на пораст на туристи на годишно ниво е 15%. Од кои само во април 2018 година е пораснат за 21,4%, во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 10.8 %, а кај странските туристи зголемувањето е за 23%.

Овие податоци укажуваат дека во Република Македонија е воспоставен нов пристап спрема туристичките активности. Нивна цел е максимален придонес во општиот економски развој на земјата. Тоа не значи ништо друго, туку примена на концептот на економско планирање и профилирање конкурентен туристички производ.


Tуризам во Македонија



 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.