Пелагониски регион

 

Пелагониски регион

 

 

 

 

 

Местоположба

Регионот е ограничен со планината Баба со Пелистер (2.601 м), Илинска и Бушава Планина на запад, Мокра Планина со врвот Солунска глава (2.540 м) на север, Бабуна, Селечка и Дрен Планина на исток и Ниџе со Кајмакчалан (2.520 м), и државната граница со Грција во Пелагониската рамница на југ.

 

Одлики

Геолошко-геоморфолошките одлики на просторот се мошне разновидни. Присутни се типични рамници, клисурести долини на Црна Река, планински врвови, пештери и карактеристични денудациони форми на Пелистер, Бабуна и Селечка Планина.

 

 

Клима

Пелагонискиот регион се одликува со просечна годишна температура од 11.2 степени во Прилеп и Битола и околу 8 степени во Крушево и Пелистер на околу 1.200м височина. Просечната годишна количина на врнежи во Пелагониската рамница се движи околу 600 мм, а во Крушево околу 800мм.

 

 

Реки и езера

Во овој регион се наоѓаат повеќе хидрографски објекти. Покарактеристични се изворите на Црна Река. Покрај Црна Река, поголеми се реките Шемница и Блато, а постојат и други помали реки. На Пелистер се наоѓаат глацијалните Големо и Мало езеро. Лоцирани се над 2.000 м надморска височина, тие се посебен живописен дел од планината. Водните објекти во регионот се надополнети со вештачките акумулации Стрежево во близина на Битола и Прилепското Езеро.

 

 

Флора и фауна

Особено доаѓаат до израз дрвенестите листопадни букови и дабови шуми на Бушава Планина и мешаните зимзелени и листопадни растенија на Пелистер и Ниџе. Од особено значење е петтоигличестиот бор молика на Пелистер. Мошне разновидна и е тревестата вегетација. Богат и разновиден е и животинскиот свет, кои го чинат сите видови крупен и ситен дивеч вообичаени за овие простори.

 

Сообраќајна поврзаност

Регионот е сообраќајно поврзан со повеќе соседни региони. Главна сообраќајница е патниот правец М4 на релација Охрид-Битола-Прилеп-Велес. Од него се делат патните правци од Битола кон Грција, потоа од Битола преку Демир Хисар кон Кичево и Крушево и регионалните патишта Прилеп-Крушево и Прилеп-Брод-Кичево. Присутни се и поголем број останати локални патишта.

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.