Гевгелија


Гевгелија - Градот на сенките

Гевгелија е град во југоисточен регион на Македонија, сместен во Гевгелиско-валандовската Котлина - област Бојмија, во непосредна близина на границата со Грција. Најверојатно зборот Гевгелија потекнува од турскиот збор gölgeli, што означува место во кое има многу сенки.


Info

Географска поставеност на Гевгелија

Ова подрачје отсекогаш претставувало значајна крстосница за патниците и стоката, кои патувале од Европа кон Блискиот Исток или обратно. Со изградба на железничката пруга Скопје-Гевгелија-Солун, во 1873 година и на автопатот Скопје-Гевгелија, таа стана значаен транзитен коридор. Гевгелија се наоѓа на 64 метри надморска височина и е под влијание на средоземна клима, пред сè, на средоземноморското климатско влијание од Егејското Море.


Info

Историјат за настанокот на градот Гевгелија

Како населба се споменува во официјалните турски документи од 1664 година. Од 1665 до 1832 година е чифлишка населба и центар на нахија. Во овој период дел од населението се занимава со одгледувана е на свилена буба. Поставена крај важните патишта кои воделе од Солун и Дојран кон Скопје и Струмица, во средината на XIX век, Гевгелија бележи брз стопански развој. Посебно брзо се развива по изградбата на железничката пруга Скопје-Солун, така што во 1877 година, населбата имала над 2.000 жители. Во повоениот период бележи постојан раст на населението и расте во економски поглед. Стопанските одлики на Гевгелија, се ориентирани кон развојот на земјоделството, индустријата, трговијата и туризмот.

Легенда за настанокот на Гевгелија

Според една легенда, за настанок на името Гевгелија се смета дека еден дервиш, кој дошол и не сакал да си оди од Гевгелија, бидејќи многу му се допаѓало местото. Жителите не сакале да го примат и решиле насила да го прогонат. Разлутен од тоа, дервишот почнал луто да ги проколнува жителите кои се исплашиле и го повикале назад со зборовите гел-гери што значи ела назад. Иако легенда, гевгеличани ова го сметаат за клетва на предците, т.е. секогаш да бидат добредојдени оние што одлучуваат да ги задомат своите идеи во градот.

Климатски услови

Кожуф планина со својот највисок врв „Зелен бег“, кој се наоѓа на 2.167 метри надморска височина, претставува природна граница меѓу средоземната и континенталната клима. Гевгелија има 240 сончеви денови во годината, со годишна сума од 2.392 часови на осончување. Просечната годишна температура изнесува 14,3ºС, просечната годишна минимална температура изнесува 8,6ºС, додека просечната максимална годишна температура изнесува 20,6ºС. Просечниот број на денови со снежна покривка изнесува 4, а со магла 7 денови.

Специфики на Гевгелија

Ваквите климатски погодности овозможуваат, под ова средоземнолико поднебје да виреат и средоземните плодови, како што се, смоквите, калинките, маслинките, мандарините и лимоните. По долината на Конска Река, западно од Гевгелија, се среќава едно ретко и единствено зимзелено дрво на Балканот, познато како „гол човек“ (Arbutus andrachne), чие стебло е прекриено со црвенкаста и лушпеста кора.

Негорски Бањи

Ексклузивноста на бањите се состои во лековитоста на минералната вода. Негорски Бањи се наоѓаат во близина на селото Негорци, 4 км од Гевгелија. Хидротермалниот систем го чинат повеќе извори и дупнатини. Водниот капацитет на бањите е околу 100 1/сек. Температурата во различните извори се движи од 36 до 50°С. Според хемискиот состав, водата е од натриумско-сулфатен тип, а во близина на бањите има и термоминерална кал. Водата и калта имаат балнеолошки дејства за лекување на нервни, ревматични, посттрауматски состојби, повреди на меките ткива. Сместени во подножјето на Кожуф, бањите располагаат со 36 хектари гyста шума во својата околина. Со надморска височина од 59 метри, ова е најниската бања во земјата. На површина од околу 25 хектари, банскиот комплекс се разви во модерен здравствен и туристички центар.


Info

Планина Кожуф

Кожуф со терени како од сказните, е еден од најелитните ски-центри во Југоисточна Европа. Тоа е планински масив во јужните делови од Република Македонија, на македонско-грчката граница. Највисок врв е врвот 3елен брег, висок близу 2.200 метри. Тука се наоѓа најновиот ски-центар во Македонија, чија изградба започна во 2001 година. Центарот е најсовремено опремен и располага со одлични услови за скијање. Но, Кожуф е примамлив и во останатите периоди од годината, затоа што нуди одлични услови за историски туризам, планински велосипедизам, јавање коњи, параглајдинг, пешачење и лов, а браната на реката Точница е предвидена за риболов и кајак.


Info

Археолошки локалитет Вардарски Рид

Вардарски Рид е археолошко наоѓалиште во непосредна близина на Гевгелија, покрај реката Вардар. Таму е откриена најголемата повеќеспојна населба од праисториско и рано-античко време, со интензивен и континуирам живот од крајот на бронзеното време, до падот на античката македонска држава и воспоставувањето на римската доминација на овој дел од Балканот. На одредени потези се констатирани траги од фортификациски објекти, ѕидани од кршен камен и варов малтер. Евидентирани се остатоци од четири култyрни стратуми. Вардарски рид е единствениот град во Република Македонија, каде е констатиран периодот на Филип и Александар Македонски.


Info

На археолошкиот локалитет Вардарски Рид пронајдени се македонски штитови, шлемови и шеснаесеткрако сонце. Локалитетот има шест хоризонти на живеење, а најстариот пронајден предмет е секира од пред 5.000 години п.н.е. Од керамичките наоди најзастапени се теракотните претстави на божества, разни антропоморфни и зооморфни фигури, како и други предмети од керамика, сите од домашно производство. Откриените малубројни примероци на увезена керамика датираат од V до VI век п.н.е. Од металните подвижни наоди, најкарактеристично е оружјето, потоа накитот и алатите, големиот број клучеви, кујнски прибор и друго. Животот на Вардарски Рид постепено згаснува некаде во текот на 1 век п.н.е.


Info

Повеќе информации за градот Гевгелија на официјалната страна.







Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.