Берово


Берово е градот со најголема концентрација на кислород

Берово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските Планини на површина од 595 км. Во негова близина се наоѓа и Беровско Езеро. Берово се наоѓа 161 км од Скопје, 47 км од Струмица и 52 км од Кочани, на надморска височина од околу 800-900 метри. Со регионални патишта непречено комуницира со Кочани, Пехчево и Делчево и со Струмица. Преку нив понатаму одржува комуникации со останатите делови од земјата.


Берово

Настанувањето на населбата датира од периодот на XVI-XVII век. Се одликува со перманентни миграциски движења. Поинтензивно се развива од втората половина на XIXвек наваму. Понагласен популациски и стопански развој rратчето забележува по Втората светска војна. Бројот на населението во 1953 година изнесувал околу 4.000, а во 2002 година околу 7.000 жители. Претставува главен стопански, културно- просветен, здравствен и управно-административен центар за областа Малешево.


Берово

Историја за името Берово

Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар.

Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле (се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селца, Рибница, Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите малешевски села. Сместено е во источниот дел на Македонија во областа Малешевија, односно Малешевската Котлина. Богатство од букови, борови, дабови шуми го одредиле и неговото име "Малеш - планина". Општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на котлината.


Берово

Климатски услови

Берово кое е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамнински делови. Локалитетот Берово има значително пониска средна годишна температура на воздухот од подрачјата на иста надморска височина во поширокиот дел на оваа котлина.На надморска височина од 800 м, средна годишна температура изнесува 11,1 °C , а во Берово 8,7 °C. Најстуден месец е јануари со просечна температура од -10 °C,а најтопол месец е јули ,со просечна температура од + 18 °C.  Најмногу врнежи има во месеците мај и јуни, како и во ноември, а најсушни се месеците август и септември. Просечно,годишно има 42,2 дена под снежна покривка.


Берово

Географска поставеност

Во крајниот источен дел на Македонија, во Малешевијата, природата насликала идилична слика што мора да се погледне и да се доживее. Питомите и кротки  пејзажи на Малешевските Планини се еднакво прекрасни во сите годишни времиња, без разлика дали ќе ги посетите кога се обелени од снег или кога во пролетниот воздух се разнесува мирисот на планински чај.


Бисер на Малешевските Планини е Беровското Езеро. Ова вештачко езеро се простира покрај извишени борови стебла. Сместено е до селото Ратево, на 6 километри од градот Берово, на надморска височина од 1000 метри.Околината на езерото изобилува со прекрасни терени за излет, рекреација и спорт. Во мај може да ги сведочите расцутените борови, а во јули и август да се искапете во езерските води. Постојат пет пешачки патеки, на некои од нив може да се упатите со велосипед. Постои и трансверзална патека која го спојува најјужниот и најсеверенниот дел на Малешевијата, со должина од 45 километри и висинска разлика од 730 метри – таа претставува предизвик и за најголемите ентузијасти.


Берово



Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.