Пивофест Прилеп
Љубителите на ладното пиво, вкусно подготвената скара и забавната музика секоја година нестрпливо го чекаат летото за да го минат викендот во центарот на градот Прилеп, каде што се одржува Пивофест.
Овој фестивал посветен на пивото за првпат се одржал во 2002 година, а традицијата и натаму продолжува, додека бројот на посетители сѐ повеќе расте. Големиот избор на пиво, веселата атмосфера и пријателски расположените илјадници посетители придонесуваат за тоа овој фестивал да биде еден од најпосетени од отворен тип.
На манифестацијата учество зеле и некои од најпопуларните ѕвезди од регионот, а на штандовите може да се најдат повеќе производители на пиво и локални угостители. Затоа Прилеп и Пивофест се магнет за љубителите на добра забава од Македонија и од соседните земји. Зошто да не им се придружите и вие?