Мавровско Езеро


Мавровско Езеро - спокојно се одмора во познатиот национален парк

Мавровско Езеро е вештачко езеро во северозападниот дел на Македонија на 1.200 м надморска височина во националниот парк Маврово. Над езерото од сите страни се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед. На југ со Бистра, на север со Шар Планина и на исток со превалецот Влајница. Сè до 1947 година на местото на денешното Мавровско Езеро се наоѓала Мавровската Котлина низ која течела Мавровската Река. Тогаш на реката на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровско Езеро.


Мавровско Езеро

Новосоздаденото езеро поплавило 1.370 хектари земјиште во тогашното Мавровско Поле претежно под ливади и акумулира околу 357 милиони кубни метри вода. Мавровско Езеро е долго 10 км, а широко од 5 до 3 км. Најголемата длабочина од 50 м ја достигнува во близина на браната која е висока 54 м, долга 210 м и широка 5 м. Денес езерото освен со помалите притоки со вода се полни и од реката Радика. Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година. Мавровско Езеро е порибено со пастрмка и со други риби, а околината му е богата со разновиден дивеч. Над езерото од сите страни се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед. Водата во главно се користи за производство на електрична енергија, туризам и рекреација, риболов и одгледување риби.


Потопената црква „Свети Никола“ во Мавровско Езеро

Постојат повеќе места од каде имате неверојатна глетка на Мавровско Езеро. Од скијачките терени, на пример или пак, од патот кој води до Галичник. Една од најимпресивните нешта, која ќе ве остави без здив е потопената црква во самото езеро. Само мал дел од покривот и камбаријата подѕирнуваат од езерото. Оваа црква е една од најчудесните глетки во овој крај која вреди да се погледне. Црквата „Свети Никола“ во Маврово била изградена во 1850 година и била во одлична состојба цели 103 години. Тогаш се донесла одлука дека на местото му е потребно вештачко езеро. Езерото било потребно за напојување електрична централа. Во времето кога се создавало Мавровско Езеро се потопиле повеќе делови од старите села што се наоѓале таму. Меѓу тие градби била и оваа црква. Тоа што е мистериозно овде е тоа што само црквата се издигнува повторно, додека други градби се уништени.


Мавровско Езеро

Феноменот, светецот или божјата волја не дозволува да исчезне во длабочините на езерото. Таа постојано испливува од водите, а луѓето тоа го објаснуваат прогласувајќи ја за свето место. Ретко кој има можност да ја посети внатрешноста на црквата „Св. Никола“ во Маврово бидејќи поголемиот дел од годината таа е под вода. Единствено во ретки мигови кога е повлечено езерото може да се влезе во внатрешноста на црквата, која реномираниот медиум од САД „Хафингтон пост“ ја стави на врвот на листата на најубави напуштени цркви во светот.


Туризам на Мавровско Езеро

Маврово е вистински предизвик за секој љубител на природата. Зелените нијанси на Бистра, остриот воздух, тишината, езерскиот брег, водата, сето тоа е доволен поттик да се посети мавровско и да се ужива во неговата околина. Ако сте само за излет, може да се сместите каде било околу езерото и таму да кампувате. Најпопуларни места околу Мавровско Езеро се местата Црн Камен, Крстови, Леуново, Никифорово, кои се препорачуваат за поголеми групи излетници, но добро е и секое друго катче што сами ќе си го изберете. Ако ви недостасува планинарење, можеби добро ќе ви дојде да го следите патот на овчарите и да направите излет во некое од околните селца, каде ќе наидете на топло добредојде и прекрасни селски специјалитети.


Во селата кои се наоѓаат во близина на Мавровско Езеро, изградени се повеќедеценски викенд-населби. Сопствениците на куќичките, секој слободен момент го користат за посета на прекрасното Маврово и да се ослободат од секојдневните обврски и стресови предизвикани на работното место. Вистинско рај-прибежиште за опуштање. Иако Мавровско езеро се вбројува меѓу вештачките езера, едноставно плени со својата убавина и совршено се вклопува во мозаикот од пејзажи на националниот парк. Освен риболовот кој е одличен за разонода, ова планинско место ви нуди одлична можност за долги прошетки и кампување. Околу Мавровско Езеро поминува асфалтен пат кој можете да го искористите за обиколка и посета на скијачките терени, но и на околните села.


Мавровско Езеро

Повеќе информации за Мавровско Езеро на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.