Лазарополе


Лазарополе во прегратките на Бистра

Лазарополе е село што е второ по големина во малореканскиот предел, а воедно и едно од највисоките населени места во овој крај. Сместено е среде питомата природа на висорамнита на Бистра. На надморска височина од 1350 метри, со местоположба што делува малку затскриено од останатиот свет. Настанокот на името Лазарополе се поврзува со легендата која се одржува како предание селаните од Главино Село бегајќи од Турците се сокриле во пештерата Калина Дупка. Ги издала „луда Калина“ па Турците ги загушиле со чадот од запалениот оган. Само некој Лазар се спасил од пештерата од која излегол од другата страна во полето каде основал ново село. Од неговото име Лазар кој излегол во полето и го основал новото село настанало името Лазарополе.

Негување на традиционалните вредности

Ова село родило особено вешти резбари, зографи и ѕидари-градители, кои заминувале на печалба во странство. Карактеристично за Лазорополе е и тоа што овде е изградена првата црква во малореканскиот крај во периодот на османлиската окупација. Црквата „Св. Ѓорѓија“ била осветена во 1841 година. Нејзиниот ентериер е првото самостојно дело на прочуениот Дичо Зограф.


Лазарополе

Локалното населеие низ годините било познато по љубовта и дарбата за песната и орото. Биле ценети како ненадминливи во ороводството. Во таа насока, мора се спомене и познатото оро Тешкото, кое по својата убавина и тежина во играњето е нанадминливо. Со ова оро, фолклорните групи кои постоеле во Лазарополе, добивале значајни награди и признанија во речиси сите манифестации што се одржувале од овој вид. Особено е значајно учеството на фолклорната група Ланголен, што се смета за највисок дострел. Велат, ако видите некој млад човек како лесно и ритмично потскокнува на македонско оро, да знаете дека е од Мијачкиот крај.


Лазарополе - Едноставно уживање во природата

Ова село е единствено место во Македонија каде што расте лазарополската дива ружа, а тука паѓа и најголемо количество дожд. Лазарополе е одличен предел за планински велосипедизам, јавање коњи, параглајдерство и едноставно уживање во природата и уникатната архитектура. За најспособните и најхрабрите, можност за посета нуди и познатата пештера Калина Дупка. До неа е потребно внимателно искачување, а во внатрешноста мора да се влезе со неопходна опрема и придружба.


Лазарополе

Најубав период да го посетите Лазарополе е во доцна пролет, кога боите на природата ќе ве исполнат со душевен мир, а мирисите на билките што растат ќе ве повикаат на прошетка во околните шуми или по висорамнината што води кон планинските висини на Бистра. Летата се свежи, а зимите се благи, но видикот е секогаш волшебен – па затоа во Лазарополе е невозможно да го згрешите периодот за посета.


Повеќе информации за Лазарополе на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.