Самуилова трврдина

 

САМУИЛОВА ТВРДИНА И АМФИТЕАТАРОТ

 

Уште додека се доближувате кон градот Охрид, во далечините прво ќе ве пречека глетка на ридот врз кој се извишува крепоста, зад чии ѕидини порано живеел народот на овој исконски град.

За првпат се споменува од античкиот историчар Тит Ливиј, како градски ѕидини на градот Лихнидос во 3 век пр. н. е., а првиот поголем опис датира во 5 век, кога тврдината се бранела од племенските напади при Големата преселба на народите.

Тврдината била користена и во римскиот и во византискиот период, а за време на Самуиловото царство била значително проширена и доградена. Денешната форма потекнува од времето на цар Самуил, макар што постојат податоци за разурнувања и повторни поправки на тврдината од страна на Турците и Византијците. Денес се сочувани 18 кули и четири порти од тврдината, која претставува заштитен знак на Охрид.

Во тврдината се откриени многу значајни предмети и украси со скапоцен материјал, а пронајдена е и хеленистичка некропола од 5 век пр. н. е.

 

 

Во јазикот и духот на антиката зборува и амфитеатарот во стариот дел од градот Охрид. Се смета дека бил изграден во 3 век пр. н. е. Зачувани се многу артефакти од оваа ера и од периодот на средниот век. Денес театарот е место на кое се одржуваат многу манифестации, меѓу кои и настаните во рамките на фестивалот Охридско лето.

 

Ако го посетите Охрид во текот на летните месеци и ако пропуштите да погледнете некоја претстава во овој театар, ќе пропуштите и единствена можност да го споделите чувството што го имала публиката која седела на истото место илјадници години пред вас.

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.