Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица

 

 

Музејот во Струмица е формиран на 28 септември 1952 година, а своето функционирање го започнува од еврејското училиште како Народен Музеј во 1952 година. Во 1963 година, Народниот Музеј се преселува во зградата на Вишото земјоделско училиште, каде според просторно-материјалните услови била реализирана поставка, која што опстојувала неколку години.

Во 1978 година доаѓа до преименување на Народниот Музеј во Завод за заштита на спомениците на културата на природни реткости и Музеј, со што се оформени повеќе оддели и тоа за Етнологија, Историја, Историја на уметност, Археологија, Архитектура, Конзерваторски и Фотографски оддел.

 

 

После 2000 година институцијата е преименувана во Национална Установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Струмица, а нејзините активности се одвиваат подинамично, односно грижата за континуирано и заштитно-проучувачки активности продолжува.

Во тој поглед, надлежностите се прошируваат на поширок географски простор и истите се протегаат покрај Струмичкиот и на Дојранско-Валандовскиот и Гевгелискиот регион.

 

 

За својата работа, заштита, конзервација и презентација на културното наследство, институцијата добила повеќе признанија и награди, а е организатор и на многу времени изложби во сопствениот галеријски простор.

Институцијата е надлежна и за следните споменици на културата и локалитети: Локалитет Цареви кули, Комплекс Водочки цркви, Манастир Водоча, Црква Св „Богородица Милостива“, Манастир Елеуса, Доцно римско термално одморалиште „Бања Банско“, локалитетот „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“ со галерија на икони, Спомен куќа на Благој Јанков-Мучето, објект на Турска Пошта од староградски тип и други.

 

 

Адреса: НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Струмица, ул. 27-ми Март бр. 2, 2400 Струмица, Република Северна Македонија. Поставката на Музејот е отворена од понеделник до петок од 8.30 до 15.30 часот.

Цената на билетите за постојаната поставка на НУ Завод и Музеј - Струмица се 30 денари за деца, 60 денари за возрасни и 150 денари за посетители од странство. Веб страна http://muzej-strumica.mk/muzej/

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.