Најмал етнолошки музеј на светот - НЕМС

 

 

Најмалиот етнолошки музеј на светот e сместен во викенд куќа во селотот Џепчипште Тетовско, под манастирот „Света Богородица“ и црквата „Свети Атанасие“. Содржи повеќе од 2000 предмети и претставува лична (приватна) колекција на етнолошки и историски предмети кои се сопственост на архитектот Симеон Златев-Моне. Етнолошката колекција што го сочинува Најмалиот етнолошки музеј на светот , а чии почетоци датираат од 17 јуни 1991 година, најпрво била сместена во приземна одаја со димензии 3.0 х 2.4 метри или кавадратура од 7.2 метри квадратни, а денес предметите се складирани и се прикажани во две соби со вкупен простор од 16 метри квадратни.

Од самото создавање колекцијата на Најмалиот етнолошки музеј на светот ( која е поставена од стручно лице - етнолог Стојан Костадиновски), е посетена од над 40.000 туристи (домашни и странски) во селото Џепчиште, а предмети од колекцијата биле дополнително прикажани на над 50 изложби и надвор од оригиналната локација. Предметите датираат од повеќе историски потврдени периоди кои егзистирале на територијата на нашата држава и тоа: праисторија, антика, средниот век, отоманската империја и 20 век.

 

 

Најмалиот етнолошки музеј на светот поседува разнообразни предмети. Најмал предмет во колекцијата е гумено гласачко топче со дијаментар од 1 сантиметар, а најголем предмет е бакарна софра со дијаметар од 108 сантиметри. Најтешкиот премет е камена мелница за жито со тежина од 58 килограми. Збирката опфаќа предмети за секојдневна употреба во домаќинството и стопанството (занаетчиството) и тоа:

Печати и Штембили, Порцелан и стакло, Машки украси, Накит и украси, Археолошки предмети, Пафти, ордени и медали, Монети и банкноти, Книги и прибор за пишување, Казанџиски занает, Фото oпрема и Фотографии, Мангали, Мерници, Алати, Религиозни предмети, Карти и пагурчиња, Ламби, фенери и сл. Прибор за пушење, Коњска опрема, Делови од порти, Мелници, Изработка на Текстил, Пегли, Машина за шиење и прибор, “Долапи” и тави, Предмети околу огништето, Предмети од областа на сточарството, Авани и прибор за кафе, Оружје и опрема, Керамика-Фрагменти, Предмети од дрво, Грнчарија, Носии (комплети и делови). Етнолошката поставка може да се види со предходна најава кај сопственикот Симеон Златев –Моне, е-маил: mone_museum@yahoo.com.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.