Национална Установа музеј - д-р Никола Незлобински - Струга

 

Национална Установа музеј - д-р Никола Незлобински - Струга

Националната установа Музеј Д-р Никола Незлобински - Струга е формирана во 1928 год благодарение на ентузијазмот и посветеноста на рускиот научник Д-р Никола Незлобински. Д-р Никола Незлобински е руски емигрант кој дошол во Струга 1924 година како лекар во маларичната станица. При своите истражувања кои ги спроведувал околу Струга и струшкото блато се воодушевил од природната убавина, богатството и разновидноста на живиот свет па почнал да собира и препарира примероци.

Првата скромна збирка со неколку претставници на цицачи и грабливи птици била изложена во 1927 год во една од бараките во кои живеел Незлобински. Збирката набрзо се збогатува со помош на граѓаните на Струга и во 1928 год. била поставена постојаната музејска поставка во една од бараките на болницата со што се втемелува Природонаучниот музеј во Струга и музејската дејност во Македонија. Денес музејот во Струга претставува современа институција во чии рамки, освен биолошкиот оддел кој се грижи за природонаучната збирка, делува и археолошкото, етнолошкото, историското и одделение за историја на уметност. Музејот располага со неколку објекти во кои целосно или делумно е претставено хронолошки културното и природно богатство на овој регион.

 

Природонаучен музеј

Претставува еден огромен комплекс каде се презентирани карактеристичните претставници на сите животински групи кои егзистираат на поднебјето што не опкружува, и дел од ботаничкиот материјал (претежно блатни и водни растенија). Во неа се претставени различни видови инсекти, водоземци и влечуги, риби кои живеат во Охридското езеро, голем број различни птици, цицачи карактеристични за нашиот крај, ботанички материјал со хербаризирани растенија, како и дел од научната работа на Д-р Никола Незлобински.

Збирката брои преку 8000 илјади примероци од кои во најголем број е збирката на инсектите, збирка која датира од времето на Д–р Никола Незлобински. Подолу имат табла со податоци за бројот на посетители во последните четири години, од која мозе да се види дека во време на COVID има драстично намалување на бројот на посетители. Мегутоа последната година имавме и реновирање на целиот објект каде што ни е лоцирана природонаучната збирка ,како што може да се види од сликите погоре, и сме спремни за соработка за бројот на посетители да се врати како претходните години.

 

Административна зграда

Самата зграда претставува споменик на културата од времето на Преродбата.

градена во неокласицистички стил, фасада разиграна со балкони, столбови, арки на прозорците.

 

Спомен дом Браќа Миладиновци

Спомен домот е сместен во централното градско подрачје на улицата што го носи името на браќата Миладиновции. Изграден е врз темелите на нивната родна куќа која изгорела во пожар во 1925год.Сегашниот објект е изграден е изграден 1961 година по повод 100 години од излегувањето на Зборникот на Миладиновци а од таа година започнале да се одржуваат и Струшките вечери на поезијата.

Во објектот кој архитектонски ја отсликува старата струшка куќа на првиот кат сместен е автентичен амбиент и изложба за животот и делото на Браќата Миладиновци.

Галерија вангел коџоман

Академик Вангел Коџоман е еден од основоположниците на македонската современа уметност. Роден е 1904 год. во Струга, долги години работел како професор по ликовно образование, учествува на бројни изложби и е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Во 1974 год. во Струга ја отворил постојаната тематска изложба Струга во минатото со 33 дела која денес е дел од постојаната поставка во Галеријата.

 

Комплекс црква Св. Никола с.Враништа

Се наоѓа во центарот на селото и имамузејска поставка со археолошки артефакти од раисторијата до средниот век. Праисторијата е претставена преку артефактите од локалитетот Црквени ливади, додека средновековниот дел го презентираат поствизантиски икони од 16 и 17 век, икони од времето на Преродбата 19 век, авторство на Аврам Дичов, како и неколку литургиски сребрени предмети.

Покрај објектите со кои располага Музејот „Д-р Никола Незлобински“културното и историско наследство на Струга и струшко го надополнуваат ранохристијанските објекти, пештерни цркви исламски и христијански објекти.

 

Ранохристијански базилики октиси, Радолишта и Ташмаруништа

Во Република Македонија регистрирани се повеќе од 200 ранохристијански споменици од базиликален тип од кои три се наоѓаат во струшкиот регион. Овие базилики кои се наоѓаат во селата Октиси, Радолишта и Ташмаруништа се значајни заради архитектурата, камената пластика и украсните подни мозаици.

На мозаиците се среќаваат ретки композиции каде се претставени познати христијански симболи и животни меѓу кои јагулата како автохтона риба. Во с. Ташмаруништа мозаикот кој е откриен е конзервиран, врамен и поставен на ѕидовите од црквата, додека во с. Октиси околу 70 м ² од вкупно откриениот мозаик е изложен во посебен објект- Конаци со изложбен простор.

 

 

Објектот е изграден во дворот на црквата св. Никола, а воедно и во непосредна близина на ранохристијанската базилика каде се откриени овие мозаици.

Во самиот објект, на ѕидовите се поставени паноа на кои може да се види целиот процес од откривање на мозаиците, преку нивна обработка, заштита и конзервација до нивното изложување и да се добијат најзначајните информации за базиликата и мозаиците.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.