Музеј на Западна Македонија во НОВ - Кичево

 

 

Музејот се наоѓа во самиот центар во Кичево,сместен е во зграда која датира од 1892 година, отворен за посетители е на 11 октомври 1980 година по повод празникот Ден на народно востание.

Музејската поставка е сместена на приземје и кат на површина од 400м2 каде што се наоѓаат документи, фотографии, предмети, карти, скици и други придружни материјали - архитектонски и ликовно обликувани, истакнувајќи ги најзначајните историски збиднувања во Народноослободителната и анфтишистичка војна во Македонија (1941-1945).

 

 

Зградата на Музејот Западна Македонија во НОБ всушност претставува комплекс од три меѓусебно поврзани згради сместени во Кичевската чаршија, во западното подножје на Китино кале. Најстариот и средиштен објект е изграден во 1892г.

Годината на изградба на втората зграда не е позната, но се одликува со истите стилски особености на фасадата.

 

 

Третата зграда е целосно реконструирана во периодот од 1972 до 1978 г., и со тоа и таа ги добива истите стилски особености.

Зградата на Музејот однадвор е профилирана во стилот на доцниот неокласицизам од крајот на XIX и почетокот на XX век. Главната (чаршиска) фасада на приземјето има големи прозорци со полукружни завршетоци.

 

 

Катот има помали правоаголни прозорци украсени со богата штукатура која во горниот дел образува свод.

Отворите се поделени со пиластри, а меѓу катовите и под покривот има хоризонтален венец. На фасадата на средниот објект има покривен тимпанон над катниот балкон, каде е испишана годината 1892. Адреса ул. Стојан Божиноски бр. 1, Кичево, тел 045 222 949.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.