Музеј на град Неготино

 

 

Музејот на град Неготино е музеј од општ карактер, односно комплексен музеј во кој работењето се организира преку следните организациони единици – одделенија: Одделение за археологија; Одделение за историја; Одделение за етнологија; Одделение за ликовна уметност.

Музејот е основан во 1978 година, кога била организирана првата изложба во Музејот, преку презентација на ликовното творештво на познатиот сликар и ликовен уметник, Димче Протуѓер..

 

 

Музејот располага со изложбен простор од 450 м2 за постојани музејски поставки и околу 100 м2 за повремени изложби. Во 2008 година е дограден дел од дополнителни 200 м2. Денес во овој простор се наоѓа етнолошко-винската поставка, а во долниот дел на Музејот е сместен Лапидариумот кој содржи дел од збирката камена пластика на Музејот на град Неготино.

АРХЕОЛОШКАТА ПОСТОЈАНА ПОСТАВКА е поставена на простор од 200 м2, каде што се изложени археолошки предмети пронајдени од археолошки локалитети во општина Неготино. Тие го презентираат периодот од праисторијата, раната антика, античкиот период, доцната антика и средновековието преку разни предмети изработени од керамика, метал, стакло, дрво и сл.

 

 

Преку ЕТНОЛОШКАТА ПОСТОЈАНА ПОСТАВКА се претставени материјалната и духовната култура на населбите во Општина Неготино и градот Неготино, преку многубројни народни носии, предмети што се користеле во домаќинството и земјоделската култура застапена во овој регион коишто датираат од почетокот на 18-от, па сè до крајот на 20-от век.

Тука спаѓаат, од кои дел се изложени, разни ѓумови, тепсии, котлиња, ѓумчиња, роден, софра, сорчиња, лејка, врчви, стомни, аван, триножни столчиња, машина за шиење, килими, ткаеници и многу други етнолошки предмети.

 

 

ЛИКОВЕН ИЗЛОЖБЕН САЛОН... Во текот на своето работење, Музејот на град Неготино има валоризирано збирка ликовни дела, а во наредниот период музејот продолжува со ваквата активност на организирање ликовни изложби и со збогатување на збирката ликовни дела од реномирани уметници преку нивен откуп.

ГАЛЕРИЈАТА НА ИКОНИТЕ кои се наоѓаат во Музејот на град Неготино е составена од икони од црквата „Св. Пророк Илија“ од с. Вешје, а и се изложени во изложбениот дел во постојаните поставки.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.