Музејот на град Кратово е формиран во 1993 година и денес е општинска институцијата која има за цел да се грижи за движното и недвижното културно наследство кое нешто кратовскиот регион каде Кратово представува град-музеј.
Од 2008 година на музејот му е доделена Саат-кулата, како простор со кој треба да управува и да се грижи за него. Саат-кулата е една од шесте кули кои опстанале од средновековниот и турскиот период на градот.
Во Музејот на град Кратово функционираат етнолошко, археолошко, историско и конзерваторско одделение. Во досегашното постоење на музејот се собрани, обработени и изложени над 1000 етнолошки, историски и археолошки музејски предмети.
Во Музејот на град Кратово се одржани над 20 тематски повремени изложби, 100 ликовни изложби, 20 промоции на книги, 4 постојани поставки, голем број на историски и етнолошки архивски и теренски истражувања, над 100 конзерваториски интервенции врз предметите.
Од 2005 година Музејот на град Кратово во својот состав ги опфаќа поставките во двата културно-историски споменици Саат кулата и Симиќeва кула. Музеј на град Кратово располага со следниве локалитети и поставки и тоа Камени кукли – село Куклица Кратовско, Саат кула, Симикева кула, Златкова кула, Етнолошка, поставка во Музеј на град Кратово. Во Саат кулата е сместена постојаната поставка Кратово низ вековите..
Во оваа кула е сместена и сувенирницата во која се продаваат сувенири изработени од Кратово и кратовско како и пропаганден туристички материјал. На најгорниот кат е сместена кратовска соба во која сите гости кои доаѓаат во Кратово отседнуваат на сок, чај или кафе.
Во Симиќева Кула е сместена постојаната поставка Карпошевото востание од 1689 година, изложбата “Отпретано сведоштво“и сувенирницата. Влезниците во Музеј на град Кратово и Саат кула чинат: 30 денари за домашни посетители, 60 денари за странски посетители, 20 денари.за деца. За Камени кукли во село Куклици влезнците се исто како и во Музејот.
Повеќе информации за Музејот на фан страната https://www.facebook.com/people/Музеј-На-Град-Кратово/100069212263899/