Минералошка збирка – Пробиштип

 

 

Музејот на ретки минерали во рамки на кој е презентраирана минералошката збирка, е отворен во состав на Домот на културата “Злетовски Рудар” од Пробиштип. Минералошката збирка во Пробиштип, единствена од ваков вид во Македонија, располага со голем број на ретки минерали, рударски експонати, карпи и археолошки пронајдоци, кои говорат за петвековната традиција на рударењето во регинот на Пробиптип.

Во периодот по Втората светска војна,со првите поинтензивни рударско-геолошки работи се пронајдени се првите релативно добро сочувани рударски алатки, дрвени корита и кожни торби ( датирани од ХV до ХVII век), со кои се вршело откопувањето и пренесувањето на откопаната руда до топилниците.

 

 

Најстарите археолошки остатоци, се претставени преку два релјефа кои потекнуваат од еден напуштен поткоп од Римскиот период (II и III век). На едниот релјеф е претставен ликот на Херакле (заштитник на рударите и металурзите), кој во својата рака држи буздоган, а на другиот релјеф лик на рудар со чекан и клин.

Во последните триесетина години збирката постојано се збогатува и надополнува со интересни примероци од минерали и карпи собирани од нашиот локалитет и локалитетите од Македонија, но и со примероци од просторите на поранешна Југославија, Европа и светот. E-маил адреса: dk_probistip@yahoo.com, Kонтакт телефон: +389 ( 0)32 482-501, Facebook: https://www.facebook.com/zletovskirudar/. Веб страна: www.zletovskirudar.edu.mk

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.