Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите

 

 

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се наоѓа на тлото на поранешното еврејско маало во Скопје со адреса на на ул. 11 Март бр. 2, Скопје. Центарот беше отворен во 2011 година како четврти Меморијален центар на холокаустот на Евреите во светот покрај оние во Вашингтон-САД, Берлин-Германија и Ерусалим-Израел.

Од 2018 во Меморијалниот центар е отворена постојаната музејска поставка е составена од 21 секција која хронолошки го презентира животот, културата и традицијата на Евреите на овие простори од периодот на Римската Империја па се до денес. Истата во себе вклучува оригинални предмети од секојдневниот живот и практикување на религијата на Евреите како и аудиовизуелни содржини кои вклучуваат и сведоштва од преживеаните Евреи од Македонија.

 

 

Целата музејска поставка е достапна на македонски и англиски јазик, а од 2019 година е достапен и водич низ поставката со брајово писмо. Поставката е изложена на две нивоа и има соодветна пристапност за инвалиди. Во рамки на тековните активности на Меморијалниот центар, повремено се изложуваат и времени поставки на различни теми поврзани со животот на Евреите во Македонија, а кои што се достапни за сите посетители.

Работното време на Меморијалниот центар за посетители е од: вторник до петок од 09:00 – 19:00 часот, сабота и недела 09:00 – 15:00 часот, а цената на влезницата изнесува 100 денари за возрасни посетители, а за деца и ученици 50 денари. Во рамки на Меморијалниот центар работи и сувенирница (со исто работно време) каде што може да се купат предмети и литература во издаваштво на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (истите се достапни на веб страната на Фондот).

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.