Културен и информативен центар Битола

 

 

Културен и информативен центар Битола , скратено КИЦ Битола е јавна општинска установа од областа на културата и уметноста.

Установата се основа за остварување на локалниот интерес во културата од локално значење за граѓаните на Општина Битола како единица на локална самоуправа, од областа на издавачката дејност, музичката дејност, сценско-уметничката дејност, филмската дејност, галериската дејност, дејноста на домовите на културата и дејноста за посредување во културата.

 

 

Главна дејност на Установата е: Дејност на објекти за културни манифестации, што опфаќа дејности на концертните и театарските сали и останатите објекти на културата. ЈОУ Културен и информативен центар Битола, располага со два исклучителни објекти, и тоа; Офицерски дом и Кино Манаки.

И двата објекти се белег на градот од културно историско значење, особено раскошен Офицерски дом кој е заштитено културно наследство од особено значење.

 

 

Во изминатите две години оваа млада установа стана препознатлива по бројните концерти на класична музика, филмски проекции, домашни и меѓународи ликовни изложби, промоции, како и бројни културно-образовни настани од јавен карактер.

Бројката од преку илјада културни и други настани за тој период зборува самата за себе.

 

 

Од оваа година КИЦ Битола, и формално во своето работење го вклучува туризмот и се подготвува за туристичка промоција на Кино Манаки и Офицерски дом и културните настани кои се случуваат во истите како дел од локалната туристичка поуда.

За да дознаете повеќе за нас и за настаните кои се случуваат во нашите објекти. Повеќе информации на www.kicbitola.mk, https://www.instagram.com/kicbitola/, www.facebook.com/kicbitola.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.