Музеј Кемал Ататурк

 

Големиот реформатор на Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во 1899 година завршил средно воено училиште во битолската касарна, која денес претставува зграда на Битолскиот музеј. Воедно, неговиот татко е роден во македонското село Коџаџик.

Спомен-собата на Мустафа Кемал Ататурк се состои од неколку парчиња од неговиот живот, вклучително и документи и факсимили што ни ја прикажуваат неговата дејност и интима, како и скици од битки, библиотека, итн.

 

 

Во спомен-собата се наоѓа и писмото што претставува дел од една од најљубовните саги на овие простори. Станува збор за пораката на битолчанката Елени Каринте кон Ататурк. Нивната љубов останала неостварена, па затоа многумина ги нарекуваат балканските Ромео и Јулија.

Фотографирајте се под балконот на Каринте, од каде што вљубените постојано ги пресретнувале своите погледи, влезете во просторијата посветена на еден од најмаркантните историски ликови, кој изјавил „Мир во државата, мир во светот“ и запознајте го подобро неговиот живот, кој во голем дел од младоста го минал токму во Македонија.

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.