Шарената џамија

 

Шарена џамија

Најпрепознатливиот белег на Тетово, но и една од најубавите градби во Македонија претставува – Шарената џамија. Лоцирана е во стариот дел од Тетово, на десната страна на реката Пена. Според некои истражувачи, датира од 1495 година, а според други подигната е во 1564 година.

Натписот над влезната врата открива дека нејзината сегашна форма потекнува од првата половина на 19 век, кога била обликувана врз темелите на друг постар објект. Позната е и како Пашина џамија, по Абдурахман-паша, кој бил турски феудален господар во Тетовскиот пашалак и кој вложил средства за надградбата и за проширувањето.

 

 

Овој религиозен објект е уникатен по својата убавина и неслучајно е сместен во антологиите на исламската архитектура. Се одликува со еднопросторна квадратна градба, која комбинира барокен и неокласичен османлиски градежен стил.

Заслужни за уникатните и живописно насликаните орнаменти се искусни мајстори од Дебар. На источната, северната и јужната фасада во четири реда се насликани вертикално поставени правоаголни полиња во фреско техника, а посебно впечатлива е јужната страна свртена кон главниот пат за Гостивар.

 

 

Особено внимание привлекува претставувањето на Мека, што е редок и веројатно единствен пример на ликовно претставување на ова светилиште на територијата на југоисточна Европа.

Ѕидната декорација во внатрешноста, живописните геометриски и билни орнаменти и фасадите на Шарената џамија ги содржат карактеристиките на турската традиционална декорација, така што, кога ќе ја посетите, за миг силно ќе ве заблесне архитетектонскиот рашкош на некогашната моќна Отоманска Империја.

 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.