Стоби


Археолошки локалитет Стоби

Локација на Стоби

Покрај автопатот Е-75, од Скопје до Гевгелија се наоѓа Стоби, древен град кој со својот урбан дел се наоѓа на три тераси, опкружени со ѕидови, а на устието меѓу Црна Река и Вардар. Во Ι век од н.е. Стоби ја достигнува својата максимална големина од 27 хектари во рамките на градските ѕидини. На источната страна, ѕидот се протега во должина од околу 450 метри и е оддалечен од коритото на реката Црна само десетина метри. Документиран е при истражувањата на Casa Romana од која го двои една уличка. Овој сегмент на градскиот бедем бил во употреба до ΙV век кога реката го поплавила градот.


Честите поплави ќе бидат причина Стоби да биде повлечен повнатре. Со изградбата на новиот ѕид се пресечени постарите објекти. Ова најдобро се забележува во делот кај Градбата со арки. Интересно е што во бедемот се вградени седишта од театарот кои на некој начин ја определуваат изградбата на ѕидот кон крајот на IV или почетокот на V век. Во 2008 година е откриен југоисточниот дел каде што одбрамбениот ѕид е сочуван во височина од 4 метри над темелната зона. Констатирано е дека на оваа висина бедемот имал појас од најмалку 4 реда на тули над кои повторно следеле редови со камења.


Стоби локација

Нови откритија во Стоби

Во 2009 година во Стоби е откриен аголот каде што се спојуваат стариот и новиот сегмент од бедемот. Тука е документирана една внатрешна кула. На јужната, западната и северната страна, одбранбениот ѕид го задржува истиот правец низ сите векови. Се забележуваат многу обнови па дури и удвојување. Неговата просечна широчина е 2.50 метри и досега се откриени 8 квадратни кули. На јужниот сегмент во Стоби е лоцирана главната порта на градот. Ова место мештаните го нарекувале „Порта“ во времето пред првите ископувања. Истражувана е во 1930 година, во 1972 и во 2001 – 2002 година. Портата е наречена „Порта Хераклеја“ или „Порта Сакра“.


Стоби - нови откритија

Првото име за градот Стоби е инспирирано од патот кој излегувал од портата и водел кон Хераклеја Линкестис. Додека пак второто име се однесува на тоа што преку неа се излегува директно на градската некропола. Портата е двојна, односно е малку вовлечена од линијата на бедемот и пред неа има предпорта со арка над влезот. Кон крајот на IV и почетокот на V век, на растојание од 9 метри пред портата, се додадени две кули. Во нивната изградба се употребени седишта од театарот. Според некои истражувачи овие две кули ја прават портата дипилон, додека според други тие се пропилон и дел од протеихизмата.


Со археолошките истражувања на Стоби во 2010 година, на југозападниот сегмент на бедемот (во рамки на секторот Храм) е откриена нова порта која била заѕидана во текот на VI век. Во 2009 година се откриени 326 метри од западната линија на одбранбениот ѕид и дефинирани се најмалку две поголеми фази во неговата изградба. Во 2010 година е констатирано дека ѕидот пресекува постари градби, а просторот веднаш до бедемот бил користен за погребување во доцната антика.


Стоби - нови откритија

Повеќе информации за Стоби на следнава страна.




 

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.