Скопски Аквадукт


Местоположба на Скопски аквадукт

Археолошкиот локалитет Скопски аквадукт се претпоставува дека го изградил Јустинијан I во период од 527 - 554 година, па поради тоа се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Постојат и претпоставки дека тој е изграден во 16 век за време на отоманската империја. Аквадуктот се наоѓа северно од центарот на град Скопје на оддалеченост 3 км воздушна линија од плоштадот Македонија, односно 5-6 км по земјен пат.


Скопски аквадукт

Архитектонска композиција на Скопски аквадукт

Во својата архитектонска композиција археолошкиот локалитет Скопски аквадукт во правец север - југ содржи две пристапни рампи, 53 столбови, 54 основни и 42 помали сводови на затекнатите олеснувачки затворени и отворени отвори над столбовите. Вкупната развиена должина на споменикот на културата изнесува 387,98м. Висинската кота на Јужната рампа 279,46м и на Северната рампа е 280,485м или со денивелација од 1,025м во постојната состојба.

За изгледот, состојбата, датирањето и функционирањето на Јустинијановиот водовод и монументалниот објект на Јустинијановиот аквадукт, постојат повеќе стари цртежи и фотографии. Тука се и записите од познати историчари и хроничари. За Скопски аквадукт постојат и записите од странски патописци. постојат и записи од дипломати и посетители. Но исто значајни се и записите од водичи и трудови од воени лица, инженери, историчари на уметноста и севозможни научници.  Така, на пример, во 1560 година безимениот венецијански патописец на Скопски аквадукт гледа 60 отвори. Во 1669 година Англичанецот, доктор Браун, напишал дека аквадуктот е "прекрасна древност, која голема гордост му прави на ова место" и дека на аквадуктот има "двесте отвори".

Многу историчари го цитирале Прокопиј (познатиот хроничар на владеењето на Јустинијан). Според Прокопиј водоводот бил подигнат во периодот од 527 до 565 г. Се верува и дека постои сличност со техниката на градење на аквадуктот со Куршумли ан во Скопје. Се вели дека тој не потекнува од византискиот период, туку бил граден во текот на XV век. Тоа е времето кога градот Скопје започнал интензивно да се зголемува. Се граделе новите исламски градби: амами и џамии, за чија градба и функционирање биле потребни големи количества чиста вода.

Скопски аквадукт за последен пат бил обновен по Скопскиот земјотрес во 1963 г., кога биле поправени три лака и два столба кои паднале од јачината на земјтресот.


Скопски аквадукт

Повеќе информации за Скопски аквадукт на следнава страна.





Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.