Археолошки локалитет Исар - село Марвинци

 

 

Децениските истражувања на локалитетот Исар с. Марвинци, Валандово, веќе го етаблираа регионот како еден од најрепрезентативните антички локалитети од Македонија, но истовремено издигајќи го и како еден од водечките антички локалитети на Балканот.

Години наназад, наодите од овој локалитет се најексклузивните на сите археолошки поставки во државата, па денес скоро незамислива е која било поголема музејска поставка без нив.

 

 

Од овој локалитет потекнуваат едни од најрепрезентативните наоди на македонското културно богатство како колекцијата на култен бронзен накит од т.н. „Пајонската Свештеничка“ од железното време, античкиот шлем, накит и садова керамика од раноантичкиот период како и архитравот од римскиот период од градскиот храм на Херкул кој го подигнал еден македониарх.

Археолошкиот локалитет Исар се наоѓа веднаш над денешното село Марвинци – Валандово, распослан на пристапно возвишение југозападно од селото, со извонреден преглед на Валандовската Котлина и реката Вардар.

 

 

На локалитетот се потврдени населби и некрополи што егзистирале во континуитет од VII век п.н.е. до VI век н.е.

Градот бил директно поврзан на важна балканската трговска магистрала север-југ која директно ќе го вклучи градот во сите историски настани, но од него ќе направи и вистински модерен космополитски град кој ќе живее низ векови.

 

 

Иако градот живеел раскошно уште во раноантичкиот период, а зенитот на личното богатството ќе го достигне во хеленистичкиот период, најверојатно благодарение на успешните македонски освојувања на исток, сепак, урбаниот зенит ќе го достигне во римскиот период кога градот ќе се прошири на скоро целата расположлива површина.

Но денес на локалитетот најмногу остатоци сведочат за последната фаза од животот на градот кога тој се претворил во мало одбранбено утврдување со бедем, станувајќи утврден каструм.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.