Археолошки локалитет Градиште Славков Дол с.Кнежје

 

 

Археолошкиот локалитет Градиште – Славков дол (познат како Билазора) се наоѓа на околу 4 километри западно од градот Свети Николе во атарот на с. Кнежјe. Инаку, Свети Николе е општина во централно - источниот дел на Македонија.

Со реализацијата на патниот правец Свети Николе - Миладиновци – Скопје оддалеченоста до главниот град е околу 47 километри додека до меѓународен аеродром во Скопје 30 километри.

 

 

Ова само покажува колку атрактивна и лесно достапна туристичка локација археолошкиот локалитет Билазора, кој со градот е поврзан со пешачка патека. Овој раноантички локалитет се простира на површина над 20 хектари.

Датиран во период од VII-II век пред нашата ера и е најважен репрезент на Пајонската култура на овие простори и пошироко.

 

 

Со интезивните систематски археолошки истражувања кои започнаа во 2008 година откриени се и дефинирани повеќе културни хоризонти, кои го дефинираат подемот и згаснувањето на пајонската култура.

Во нејзиниот централен и најдоминантен дел се откриени остатоци од архитектура со јасни белези на владетелска палата.

 

 

Со тоа Билазора доби нова димензија, многу поголема и позначајна, откривајќи ни се не само како обичен град, па макар тоа бил најголемиот град во Пајонија, туку и како седиште на владетели, што самото по себе значи престолнина.

На локалитот се наоѓаат Култниот резервоар, Бедемот, Палатата со фрески, Храм, Пропилонот и поплочената улица и сл. Во изминатиот период дел од палатата е конзервирана и локалитетот е отворен за посета и наша препорака е прво да се посети музејот а потоа локалитетот. Линк од вебстрана на археолошки локалитет Билазора: https://bylazora.mk/

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.