Занает - книговез

 

 

Книговез занает кој му пркоси на времето. Драган Георгиевски традиционалниот книговез го претвора во вистинска уметност. Приказната за овој вид на занает започнува на 15 мај 1979 година во Битола, но трагајќи по подобри услови работата продолжува во Охрид. Георгиевски е занаетчија кој произведува разни употребни предмети со рачна резба на кожа и хартија. Тој е единствен занаетчија во градот со овие две уникатни и ретки дејности се обидува да биде креативен, следејќи ги светските трендови.

На 15 мај 1979 година во Битола, моите родители отвориле приватна работилница која била книговезница и печатница. Се наоѓала во централното подрачје во близина на Безистенот. Мојот татко, Наум Георгиевски како графички инженер, кој завршил 1968г. во Загреб, работејќи во познати битолски печатници се решил на еден храбар чекор, заедно со мојата мајка да отворат приватна работилница. Јас уште како дете го почувствував мирисот на хартијата и старите книги така што уште од најмала возраст се роди и мојата љубов за овој вид на занает вели Драган.

 

 

Овој занает фамилијата Георгиевски трагајќи по подобри услови за работа го сели во Охрид кој сеуште опстојува и изработува врвни дела. Дуќанот е продолжување на старата традиција, но збогатена, освен со книгивез и со рачни изработки од кожа на различни предмети, а и организирање на работилници за сите заинтересирани. Изработуваат ексклузивни книги, бележници од најразлични материјали, футроли за очила, приврзоци од кожа,корици за дипломски, магистерски, менија за ресторани, бележници за родендени, свадби, годишнини, чанти, паричници, приврзоци, обетки и сето тоа рачно и уникатно изработено.

Користиме кожа, платно, тапет, книгопласт. Применуваме восочни и кожни конци, метални додатоци нитни и токи. Она што е важно и сакам да го потенцирам е тоа што кај кожните производи се применува исклучиво само рачно шиење додава Драган. Овој занает бара многу трпение макотрпност и целосна посветеност. Во суштина, книговезот претставува рачно шиење на книгата со восочен конец, дупчење и изработка на кориците.

 

 

Времето кое е потребно за да се создаде делото е релативно, бидејќи зависи од повеќе параметри и самиот обем на книгата. – истакнува Георгиевски. Основните алати за изработка на книговезот се шило, игла, конец и восок од пчела, додека за кожата се потребни повеќе алатки за изрежување и доработка на цртежот, односно резбата.

Денес со неговата работилница предизвикува голем интерес за сите туристи кои го посетуваат Охрид и кои се воодушевени од нивната рачна техника и изработка. Она што е интересно е и тоа што во изработката на некои дела може да учествуваат и посетители во работилницата која ја одржува и заштитува традицијата на изработка и резбање на предмети од кожа.

 

 

Секој од посетителите може да си одбере кожа, конец, да си направи модел и да учествува во процесот на изработка. Со тоа ќе има уникатен производ кој ќе си го понесе со себе како спомен. Името книговез е веќе познат бренд во Македонија, а добар дел од нарачателите го препознаваат нашето име потенцира Драган.

Занаетите се уметност која бара вештина, знаење и трпеливост. И покрај современите технологии и трендови, ретките семејни бизниси останаа верни на духот на занаетите, со примена на новини, но и понатаму со целосно рачна изработка која ги прави посебни и уникатни.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.