Уметнички центар АРТ ХАБ

 

 

Уметничкиот центар АРТ ХАБ е основан во 2019 година и претставува современ и професионално опремен галериски простор каде што се среќаваат луѓето и уметноста. АРТ ХАБ е Центар за културна размена кој што нуди урбана содржина. Како голем поддржувач на современата ликовна уметноста во галеријата се одржуваат групни и самостојни изложби.

Уметничкиот центар АРТ ХАБ има општествена одговорност а се поддржуваат млади уметници за кои се издвојува простор за нивно претставување два пати во годината. Центарот ја поддржува и независната културна сцена, а Друштвото на ликовни уметници на Македонија ко користи просторот за реализација на дел од нивнта ликовна програма.

 

 

Галеријата поседува колекција од уметнички дела од реномирани македонски автори како и предмети од применета уметност и моден дизајн кој може да се купат. Лоцирана е во најстрогиот центар на градот, каде што во пријатна атосфера можете да уживате во уметноста.Работното време на галеријата од понеделник до петок е од 10 до 16 часот и сабота од 10 до 15 часот.

https://www.facebook.com/arthubskopje/, https://www.instagram.com/arthubskopje/?hl=en, Уметнички Центар АРТ ХАБ, Локација-ГТЦ 2 кат, локал 306, Скопје

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.