Уметничка галерија во Тетово

 

 

Националната установа Уметничка галерија - Тетово е формирана во 2007 година и е сместена е во објектот на стариот турски Aмам.

Амамот се наоѓа на десната страна од реката Пена, во центалниот дел од градот Тетово. Во непосредна близина се наоѓа Шарена Џамија, Турбе со чешма, Беговиот конак и мостот. Сите објекти заедно формират еден комплекс, карактеристичен за урбанистичкото оформување на градовите во османлискиот период.

 

 

Стариот амам, со векови отпорен на промените, сведочи за начинот на животот во минатотот, особено поради архитектурата, изворните материјали и градежната техника. Изграден кон крајот на 15 век, тој активно учествува во културниот амбиент и дефинирање на интегралниот изглед на градот Тетово. Се претпоставува дека него го изградил Мехмет Челеби, син на Исак Бег. Со неговите архитектонски, тополошки и стилистички карактеристики добива посебна вредност, што се манифестира со јасна и чиста просторна организација.

Aмамот е проектиран како правоаголен објект во основа, а изграден е со масивни ѕидови од преработен камен и тули. Како кровна конструкција се искористени ѓемери-кубе со разни димензии, со што е формирана разновидна фасада, што и дава привлечен карактер на објектот. Куполите се изградени со осмоаголни тамбури, покриени со турски ќерамиди и кратки настрешнини профилизирани од камен.

 

 

Покрај извршените интервенции во разни временски периоди, објектот успеал да ја зачува неговата u автентична градежна форма. Со адаптацијата во уметничка галерија, Амамот доби нов современ третман кој овозможуи ревитализација на објектот како центар за културни настани во градот Тетово.

Во Уметничката галерија од нејзиното формирање во 2007 година биле реализирани над 200 изложби, презентации и промоции. Преку годината, бидејќи се работи за објект стар пет века, галеријата е исто така, посетувана и од голем број на туристи.

 

 

Галеријата поседува колекција на уметнички дела со фонд од 328 слики од истакнати уметници од Република Северна Македонија и дела на интернационални уметници од целиот свет.

Адреса: Уметничка галерија во Тетово, ул.„Илинденска“-Тетово бб. E-mail: galeriaearteve@gmail.com, Телефон за контакт: Тел: +389(0) 44 340-811/ 353-650, Фах: +389 (0) 44 353-650.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.