Спомен-соба на Петре М-Андреевски-Слоештица

 

 

Добредојдовте во Меморијалната поставка посветена на Петре М. Андреевски. Тука ќе се запознаете и со неговиот богат живот, и со неговата родна Слоештица,Демир Хисар, и со детството, и со младоста, ќе дознаете кои биле неговите најдобри пријатели, од каде ја црпел инспирацијата, што читал како дете, но и кои таленти ги криел.

Овде ќе откриете дека Велика, хероината од „Пиреј“не е мит, туку вистински лик. Тука, за првпат, имате можност да ги видите трпезата кај што јадел, скутината, фурката и брдото од разбојот на неговата мајка Менка, факсимили од ракописите на „Пиреј“ и „Бежанци“, факсимили од посвети и сл. Тука ќе видите како сликал и како пишувал. А, преку трите одбрани интервјуа, од 1968, 1979 и 2004 година, имате можност и да ги чуете неговите размисли за различни теми.

 

 

Во оваа меморијална поставка може да се види целиот негов разигран живот – од раѓањето, преку патиштата поврзани со неговото образование и работа, па се до неговата последна станица – Слоештица. Воедно, поставката прикажува за тоа како еден гениј живее и после неговата смрт. Петре е сестран интелектуалец: покрај романи и раскази, тој пишува драми, есеи, критики, политички текстови.... Неговото наследство ни раскажува за неговиот огромен креативен потенцијал и делувањето во општествените процеси, но открива и досега неоткриени моменти од неговиот живот.

Меморијалната поставка, заедно со Црн Врв и Бела Река, ве канат на запознавање на животот и творештвото на еден од најзначајните македонски писатели - Петре М. Андреевски, единствено искуство што можат да го почувствуваат само оние што ќе ја посетат Слоештица, местото што Петре никогаш не го напуштил.Влезница 50 денари. https://www.facebook.com/erigon.dh/.Instagram: erigon.dh

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.