Спомен куќа на Мајка Тереза

 

 

Спомен-куќата на Мајка Тереза е отворена на 30 јануари 2009 година, а камен-темелникот на Спомен-куќата беше поставен на 9 мај 2008 година. Локацијата на објектот на улицата „Македонија“ бр. 9, 1000 Скопје е избрана според локацијата на поранешната католичката црква „Пресвето Срце Исусово” во која Мајка Тереза, тогаш Гонџа Бојаџиу, била крстена само еден ден по своето раѓање. Имено, на ова место, до земјотресот во 1963 година се наоѓала католичката црква која е срушена во катастрогфалниот земјотрес на 26 јули 1963 година.

Од отворањето во 2009 година, па сѐ до денес, спомен-куќата е посетувана од 80.000 до 100.000 посетители годишно, меѓу кои посетители биле и голем број претседатели на држави, министри, амбасадори, црковни великодостојници, внуката на Мајка Тереза, Државниот секретар на Ватикан, Н.Е Кардиналот Пјетро Паролин, отец Лео Масбург-биографот на Мајка Тереза, Марија Према (генералната сестра на редот на „Милосрдните сестри“) како и многу други.

 

 

Спомен куќата располага со мултумедијален простор во подрумскиот дел од објектот кој служи за одржување на настани и повремени изложби, галерија која се наоѓа на првиот кат во која се изложени фотографии и предмети од животот на Мајка Тереза кои го опишуваат нејзиниот животен пат, амфитетар и капела. Меѓу позначајните предмети кои се содржат во изложбената поставка во галеријата се вборјуваат второстепена реликвија на Мајка Тереза, Нобеловата награда за мир, ракописи и писма и други.

Спомен куќата содржи и капела на вториот спрат од објектот, која што во 2019 година беше прогласена за светилиште со што Спомен куќата стана утврден ходочаснички центар во кој се одржуваат свети миси. На приземјето се наоѓа музејска продавница во која може да се најдат сувенири од богатото културно наследство на Македонија, како и од рачни изработки поврзани со Мајка Тереза. Работно време. Понеделник – Петок 09:00 – 20:00. Сабота – Недела 09:00 – 14:00. Влезот и водењето низ поставката не се наплаќа. Капелата за миси е отворена во вторник од 08:00. Контакт: (+389) 3296-086. Линк од веб сајтот: https://memorialhouseofmotherteresa.com/en/

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.