НУ Музеј на современата уметност - Скопје

 

 

ОСНОВАЊЕ И ПОЧЕТОЦИ - Основан во 1964 година како резултат на бројни донации на уметнички дела од 65 земји во светот, мисијата на Музејот е да ја одржува меморијата и традицијата на солидарноста и да продолжи да колекционира, чува, заштитува, проучува и вреднува значајни уметнички дела и со нивно изложување на судот на јавноста да ја развива свеста и разбирањето на највисоките духовни вредности на современата уметност и општество.

Изборот на локацијата е мотивиран од урбанистичкиот план за Калето кој е замислен да се уреди како комплексен парк-музеј, во кој Музејот на современата уметност ќе доминира над градската панорама како средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје.

 

 

Првични донации и активности, како и оние што следеа потоа од меѓународните здруженија на критичарите (AICA), музеите (ICOM) и други организации и поединци, придонесоа во Скопје да пристигне, само неколку месеци по земјотресот, една забележителна збирка од над сто уметнички дела. Овој податок, здружен со ентузијазмот и визионерството на неколку врвни македонски политичари и редица уметници и личности од јавниот живот, ја покренаа идејата за формирање на Музеј на современата уметност. Во Иницијативниот одбор, којшто требаше да ја спроведе оваа идеја, влегоа триесет истакнати личности од јавниот и културниот живот на Македонија и Југославија.

МСУ - АРХИТЕКТОНСКО ЗДАНИЕ - Совршено вклопена во конфигурацијата на скопското Кале и опкружена со панорамата на градот, зградата на МСУ, е извонреден пример на архитектурата на доцниот модернизам и симбол на после земјотресната обнова на Скопје. Зафаќајќи вкупна површина од над 5428 м2, зградата на МСУ ја сочинуваат три поврзани објекти во кои 3000 м2 отпаѓаат на изложбените простори и просторот за постојаната поставка, салата за предавања, филмски и видео проекции со 100 седишта, библиотека и архива, администрацијата, конзерваторската работилница, депоата и други помошни служби, како и музејската продавница и кафетерија.

 

 

Големите парковски површини, кои овозможуваат инсталирање на разни скулпторски проекти, како и пространиот паркинг ја дополнуваат непосредната околина на Музејот на современа уметност. Посебно значаен и успешен е периодот од 1966 до 1970 година, кога Музејот организира динамична изложбена активност како изложбите на Ханс Хартунг и Ана-Ева Бергман, Поп-арт графика (Ворхол , Лихтенштајн, Веселман, Дајн, Розенквист и др.), графичките дела на Пикасо и редица самостојни изложби на македонски и југословенски уметници, што има значително влијание во ликовната практика во Македонија.

ПРОГРАМСКА ЕКСПАНЗИЈА - Постојаната поставка доживеа уште две верзии во 1981 и 1986 година, вклучувајќи ги сегашните донации и аквизиции. Почнувајќи од 1992 година делата од збирката се претставени преку променливи тематски изложби. Покрај обемната изложбена програма, МСУ е единствената институција во Македонија која поседува архиви за македонската уметност, а органзира и изложби на светски познати автори.

 

 

Адреса: Самоилова 17, 1000 Скопје, Teл: +389 (0)2 3110 123. Работно време: Вторник – Сабота 09:00 - 17:00, Недела 09:00 - 13:00.

https://msu.mk, https://www.instagram.com/msuskopje/, https://twitter.com/msuskopje, https://www.facebook.com/msuskopje/

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.