Музеј на виното - Демир Капија

 

 

Точно пред дванаесет години на 7 ноември 2010 година започна со работа музејот посветен на виното и винската консумна култура.

Дрвени буриња за вино, стаклени чаши, бокали, шишиња, керамичките чаши и шишиња, садови што се користеле за складирање, чување и консумирање вино, но и на други пијалаци, алатки за обработка на земјата како предмети од локално значење го претставуваат основниот музејски фонд предаден од локалното семејство Будимировиќ.

 

 

Тие денес ги красат витрините на винската галерија која со своите раритетни примероци го претставува музејот.

За време на еднодецениското постоење на територијата на Општина Демир Капија се реализираа неколку кампањи со археолошки истражувања, од кои во музејот се донесе археолошки материјал којшто зборува за културно-историското минато на овој Регион.

 

 

Оправданоста за започнување на еден ваков проект, за презентација и промоција на Демир Капија, преку отворање на еден општ музеј во чиишто витрини ќе бидат претставени историјата и културата на Демир Капија, но и долгата винска традиција што на овие простори има длабоки и цврсти корени,

за што показател се бројните разни наоди со претстави на богот на виното Дионис и неговата разиграна свита од баханалии, е целосно потврдена.

 

 

Музејот содржи винска галерија, археолошка збирка, етнолошка збирка, збирка на фотографии и одделение за презентација на природното наследство на Демир Капија.

Интернет-страница: https://museumdk.mk/mk/home-mk/

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.