Музеј на тетовскиот крај

 

 

Музејот на тетовскиот крај - Тетово е основан 1950 година. Примарна дејност му се активностите поврзани со промоција, истражување, презентација и зачувување на културно-историското наследство и споменици на културата во Полошката котлина, како и да развива научно истражувачки проекти во областа на археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста.

Во рамките на музејот може да се посетат следните оддели и збирки: Археологија, Етнологија, Историја на уметноста, Историја. Спомен куќа - Родна куќа на Ѓоце Стојчески-Амбарче - Во овој објект е сместена музејската збирка.

 

 

Лоциран во стара традиционална македонска куќа, која е заштитенои добро, Музејот на Тетово им нуди на посетителите можност да ги видат традиционалните носии, предмети и покуќнина во скромната збирка на постојаната етнолошка поставка.

Исто така, низ историските поставки на музејот презентирани се информации низ документи, фотографии , географски карти и различни оружја од историското минато на градот од Турскиот период па се до почетокот на 20-тиот век. Музејот е отворен за посетители секојдневно освен недела.

 

 

Музеј на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Македонија (ЦЦК на КПМ) - Во тивко и прекрасно место во горниот историски дел на градот Тетово е поставен Меморијалниот Музеј на комунистичката партија на Македонија. Во оваа куќа на 19 Март 1943 година по одлука на Централниот комитет на Комунистилчката партија на Југославија формиран е Централниот Комитет на Комунистичката партија на Македонија (ЦЦК на КПМ).

Објектот на ул.„Гоце Делчев“ бр.83 населба „Два Бреста“ во Тетово е стара градска куќа граден при крајот на XIX век,лоциран непосредно под ридот на калето и претставува амбиентална архитектонска целина.

 

 

Објектот со своите едноставни и чисти решенија на фасадите, автентичен ентериер поседува амбиентални, архитектонски и естетски вредности, додека во дворното место е поставен нов отворен амфитеатар во кој во летното тромесечие редовно се одржуваат разни културни мултимедијални проекти во соработка со НВО на градот.

Музејот е отворен е за посетители од 09ч до 16ч. Нова управна зграда, поранешен Дом на АРМ. Објектот е административна зграда на поранешен Дом на АРМ предаден на употреба на Музејот од 2020 година. Се наоѓа во централно градско подрачје. Во приземните простории се реализираат повеќе културни активности како промоции, изложби, аудио и визуелни перформанси,работилници и сл.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.