Локален Вински Музеј за регион Тиквеш - Кавадарци

 

 

Претставува специјализиран музеј со музејски предмети во делот на лозарството и винарството.

Музејот на виното е непрофитна организација од областа на културата, чија основна задача е да прибира, истражува, собира, стручно и научно да обработува, заштитува, објавува и презентира музејски предмети во делот на винарството и лозарството.

 

 

Работењето на Локален Вински Музеј – Кавадарци се организира преку организациони единици – одделенија: Одделение за етнологија; Одделение за археологија; Оделение за односи со јавност, музејска промоција и маркетинг.

Музејот во својот состав содржи музејска збирка со повеќе од 100 предмети од делот на винарството и лозарството, која има за цел да го прикаже континуитетот на ппроизводство на вино и ракија од крај на XIX и почеток на XX век,15 фотографии со историска соджина, како и комерцијален дел на изложбени вина од сите комерцијални и семејни винарии во регионот.

 

 

Ентериерот на музејот е збогатен и со амбиентална содржина, со модерни технолошко современи услови за работа и библиотека со информативни содржини.

Винскиот Музеј од 2023 година раководи со Градската Винотека и Туристичко информативното биро.

 

 

Интитуцијата има активни профили на социјалните медиуми Instagram и Facebook каде редовно се ажурираат информациите, се објавуваат тековните настани и се даваат месечни јавни извештаи за посетеноста на музејот.

https://www.facebook.com/profile.php?id=100039929814160; https://www.instagram.com/vinskimuzej/

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.