Етнокуќа „Шанчева“- Кратово

 

 

Ако тргнете низ стрмната и тесна уличка во Кратовската чаршија, што води кон познатиот Радин мост, и на првата раскрсница свртите лево, по одминувањето на двете повеќевековни кули, ќе наидете на куќата од која сè уште се шири изворната миризба на надалеку прочуената и препознатлива Кратовска к’цана сол „шлеговац“. Се прави двапати во годината, еднаш околу Митровден, во ноември, и еднаш напролет, во април, околу Велигден, а подготовката е во дрвен сад, т.н. дибек, и се толчи со ќускија.

Под мотото „Верни на традицијата – горди на историјата“ фамилијата Донески ги пречекува гостите во куќата со традиционален дух, со слики од првите сопственици, традиционални инструменти: тамбура, ќемане… сламени и други шешири со кои се одело на поле, на жнеење или на садење компир, а стариот подрум полн со стари предмети е претворен во бифе каде секој гостин може да вкуси добро старо вино, по домашен рецепт, со мирис кој опива.

 

 

Во спомен етно-куќата со стари предмети и експонати и информации за Кратово и Кратовскиот Регион се уредени сите простории, а има и вински подрум каде што, освен кратовска ракија и вино, има и многу артефакти од богатото кратовско наследство. Етнокуќата соработува со бројни странски туроператори кои овозможуваат италијански, француски, германски, полски, англиски туристи и други да дојдат на гости, соработува и со бројни невладини организации од регионот.

Туристите кои доаѓаат овде велат им е исполнет секој момент од денот и уживаат во уникатниот вкус на македонските традиционални јадења воодушевени од гостопримството на кратовчани и желбата сè што претставува нивна гордост да им го претстават со љубов. Улица „Скопска“ број 9. Е-маил: kratovskakuka@yahoo.com

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.