Украси и накит во макраме техника

 

 

Охриѓанката Снежана Караџоска Попова по професија професор во музичко училиште се занимава со макраме техника или во поново време познат како бохо стил. Иако најнапред своите идеи ги започнува како хоби, со текот на времето тоа и претставува љубов и занает со кој се занимава и професионално.

Рачно изработена плетена гардероба и аксесоари, рачно изработен накит како и декор изработен во макраме техника се само дел од креациите на охриѓанката. Станува збор за техника на врзување јазли (макраме) која се работи рачно, a може да се изработува од кожа, конец, волна, памук, па дури и користење на метал.

 

 

„Макраме е посебно интересна техника од причина што машински не можат да се реплицираат јазлите, а предметите што се изработуваат можат да се направат само рачно“, вели Снежана.

Таа декорира ташни, перници, накит држачи за цвекиња со плетки, макраме завеси во бохо стил кои даваат најразлична декорација.

 

 

Како деца сме плетеле со нашите баби и мајки, кога видов што се може да се направи си реков зошто да не пробам и јас, првиот предмет беше неуспешна торба доста се помачив и ја продадов на крај, а се испробав и во облека бидејќи ми беше предизвик но крајниот модел испадна баш како што замислував и без презадоволна од направеното дело на кое сум горда раскажува охриѓанката.

Во зависност од сезоната е и побарувачката пред Нова година најбарани се лампионите, новогодишните декорации, во лето венчињата и ташните во пролет пак држачите за цвеќиња а овој период се поактуелни се декоративните перничиња раскажува Снежана.

 

 

Радува тоа што во последно време, охриѓани но и бројните туристи кои можат овие производи да ги најдат на социјалните мрежи се почесто ја препознаваат правата вредност на рачната изработка и ја купуваат.

Поради нивната уникатност и убава визуелност, макраме бележи зголемена популарност последниве години меѓу младите креативци ширум светот.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.