Сликарство

 

Сликарството како уметност и занает на кое се воодушевуваат туристите

Упорност, квалитет и критериум ова е мотото на брачниот пар Ирена Заневска и Саревски Танко сликари по професија кои со својата галерија во Охрид се магнет за туристите. Дуќанот во стариот дел од градот претствува еден вид на животна галерија каде може да се најдат најразлични дела креирани од вештите раце и креативната визија.

28 години заедно творат и создаваат дела со најразлични техники и тематики во Охрид надополнувајќи се еден со друг работејќи го она што најдобро го знаат а тоа е сликањето. Од каде желбата кон уметноста како што вели Ирена тлеела од самото детство ,студирала ликовна академија а потоа започнува и професионално заедно со сопругот кој исто така е сликар да творат дела. Сликањето претставува еден начин на изразување ,идеи и емоција преточени на платно или стакло.

 

 

Иако на почетокот Ирена барала некоја посигурна работа како жена, но при секој обид чуствувала некоја празнина за на крај да се реши дека сепак сликарството е нејзината животна определба. Ние сме модерни типови апстрактни.Јас сум прецизна реална а сопругот е хаотичен но умешен, знае од тој хаос да направи една целина раскажува Ирена.

Идеите како што вели им доаѓаат од душа нема некои определени тематики кои ги творат на платно или на стакло а со оглед на тоа што луѓето кои одмараат во Охрид сакаат за спомен да си понесат некој дел од градот на слика па затоа се почесто го сликаат и Охрид со неговите природни убавини ,верски храмови и културно историски споменици. Туристите кои доаѓаат се воодушевени најпред од тоа што во дуќанот се самите сликари кои ги изработуваат своите слики а потоа и од богатата понуда на слики, витражи и сувенири од сите големини и за сите вкусови.

 

 

Ирена вели дека радува тоа што странците кои ги има од речиси целиот свет повторно се враќаат а дел и раскажуваат за сето она што го виделе и доживеале при самиот разговор за тоа како се создаваат делата, колку време, љубов и трпение е потребно за сето тоа и ретко кој заминува без вреден поклон.Интересно е и тоа што витражите со најразлични мотиви од цвеќиња,до животни се се повеќе барани како од страна на посетителите така и од охриѓани. Многу често знаат да дојдат во дуќанот да побараат витраж за роденден или некои свечености а радува и тоа што има и гости кои купуваат поголеми слики за уредување на пример на нивниот нов дом.

Креираме наши идеи но и она што го бараат туристите еден спој на традиција и современо, уметничко парче кое ќе може да го понесат со себе. Иако материјалите како што се бои, уље платна, стакла ги има во нашата земја но се скапи така што голем број на уметници немаат можност на добро платно да ја искажат својата креативност. Најстарите уметнички дела и занаети се карактеризираат со исклучително богатство на слики, до естетиката на материјалот, и рационалното градење на формата, нагласена со декор.

 

 

Сликарството е и занает, талент кој постојано се надградува, чуство на припадност и одговорност. Покрај дарбата ,љубовта и желбата кон креирање на дела потребна е и подршката за да можеш да истраеш во она што го работиш раскажува Ирена. Ирена вели дека се што се работи со љубов има резулатат и упатува порака до сите оние креативци, уметници, сликари ,занаетчии да не се откажуваат од својот сон.

Коренот на сите творечки дејствија на човека е логиката и математиката. Нивната долгогодишна желба како што вели Ирена е сето она што го заработувале изминативе години да го вложат во отварање на куќа на уметноста еден вид на музеј каде сите сликари и уметници ќе може да ги изложуваат и презентираат своите дела.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.