Кожарски занает

 

Изработка на опинци

По смртта на најстариот опиничар Милан од Охрид кој до својата 96-та година изработуваше предмети од кожа во својот дуќан во старата охридска чаршија, семејството Белеви поточно внукот Крсте Белев и правнуката, Елена Белева го наследуваат занаетот. Опинчарскиот дуќан на Белев, е симбол на занаетчиството во градот, и вистинска атракција за бројните странски туристи, особено Холанѓаните.

Речиси и да нема турист а да не застанал да ги види или да си купи од бројните модели на ташни,кондури, сандали, опинци ,папучи и што ли уште не изработено од кожа. Тие изработуваат најразлични производи од кожа а најпознати и најбарани се традиционалните македонски опинци кои ги има во сите бои. Нивниот дуќан наликува како еден мал автентичен музеј кој плени со мирисот на кожа и стариот лик кој ги привлекува странците од сите краеви ширум светот.

 

 

Младата Елена која по професија е дипломиран професор по италијански јазик во дуќанот започнала да доаѓа од најмали нозе таа најнапред се учела на поправки а потоа и изработка на други дела од кожа. Нејзиното прво дело било мало новчаниче за ситни пари а потоа се ределе и други рачно изработени парчиња од кожа. Активно со овој занает се занимава од 2015 година но како што вели со некои кратки паузи, а поактивен ,повешт и побрз вели сепак е нејзиниот татко Крсте кој по професија е дипломиран правник но исто така љубовта кон занаетот и кожата му останува врежана и се одлучува да го продолжи семејниот занает.

За овој занает пред се потребно е време, трпение и голема љубов,а како што вели Елена мирисот на кожата и алатите е тоа што од најмали нозе ја привлекле и се одлучила да се занимава со овој занает. Таткото на Елена има рутина во изработката а таа како што вели е задолжена за естетскиот дел односно следењето на новите модни трендови.

 

 

Самиот дуќан од дрво,мирисот на кожа, автентичноста и бројните рачни дела ги привлекува туристите кои како што раскажува Елена викаат дека се чуствувуваат како во 60 тите години. Кондури, сандали,ташни, опинци и ремени се само дел од производите кои можат да се најдат во нивниот дуќан кој изобилува со уникатни рачно изработени модели во најразлични бои.

Интересно е тоа што една туристка од Индија која правеше свадба во Охрид нарача да и бидат изработени бели опинци од кожа рачно изработени да и одговараат со невестинскиот фустан кога ги зеде од дуќанот беше презадоволна од готовиот уникатен производ вели Елена.

 

 

Многу често се случува муштериите да дојдат со листа хартија на некој модел кој сакаат да го имаат и презадоволни од изработеното се враќаат повторно во дуќанот. Странците многу го ценат стариот рачен занает и се воодушевуваат од начинот на изработката, па поради тоа сакаат кога ја напуштаат нашата земја да имаат барем едно вредно парче за спомен од градот Охрид.

Покрај туристите голем е интересот и од страна на охриѓани кои сакаат да носат и да имаат во својот дом уникатни папучи, сандали ,ташна или друг поризвод од кожа или како што велат од еден од најстарите дуќани во старата охридска чаршија. Дуќанот Белев за изработка на кожни производи датира од далечната 1946 година.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.