Копаничарство - Новица Столески

 

 

Новица Столески од Струга по професија e електро инжинер кој од најмала возраст ги следи стапките на својот татко, ја напуштa работата за која што се школувал и започнува да се занимава со копаничарство. Љубовта кон длетото и дрвото за изработување на најразлични уметнички дела кои имаат непроценлива вредност стануваат преокупација без која неможе да го замисли денот.

Копаничарството е уметност, занает но пред се љубов во која целосно се внесува душата на резбарот. Новица, копаничарскиот занает го научил од неговиот татко кој прв го вовел во тајните на оваа благородна дејност, а потоа го доусовршува, неколку години го проучува мајсторството на мијачките резбари. Стотина длета, неколку дрвени чекани, менгеме и друг дрводелски алат и оревов столб се наоѓа на работната маса во копаничарското ателје во Струга. Дури и алатите со кои работи, а кои се рачно направени ги направил сам во зависност од моменталните потреби.

 

 

Од рано наутро до доцна навечер, со голема љубов и внимание, Столески успева да напредува во создавањето вредни копаничарски дела, да освојува нови простори и да ја реализира замислата. Најчесто делата ги изработува од ореово дрво кое за разлика од минатото кога бил потребен подолг временски период, сега има машини и побрзо се подготвува за работа.

Постапката за подготвување на ореовото дрво, да може да се врши на него длабоки рез, трае подолг период. Најпрво се прави избор на оревовото дрво,следната фаза е сечење на дрвото според потребната спецификација, па термичка обработка со пареа и на крајот сушење. Охридско-струшкиот регион располага со вискоквалитетно ореово дрво и е одлично за копаничарење, па така оттаму се снабдуваат копаничарите од поширокиот регион на Македонија.

 

 

Првиот предмет кој го има изработено е Свети Никола на парче дрво и сеуште се наоѓа кај мајката на неговата сопруга Соња, а потоа следуваат низа уметнички дела изработени од вештите раце на Столески. Најголемиот негов предизвик е делото во Свети Јован Бигорски – двете целивални едната посветена на чудотворната икона на Пресвета Богородица, наречена “Достојно ест” и другата за чудотворната икона на патронот на црквата, св. Јован Крстител на кои работел 7 години со 4 месеци престој во манастирот.

Станува збор за голем потфат со бројни неизвесности. Се вклопија неколку работи тајните на припремата на дрвото, на алатите и на крајот оној црковен елемент кој е многу значаен вели стружанецот. Многу често се бараат и икони за поклони резбани мотиви на птица и грозд но и декорации на таваници како украси поставени во домовите. Со оглед на тоа што резбата одзема многу време и споро се изработуваат делата многу често луѓето се нестрпливи за да го дочекаат производот. Во 2012 год. маестро Новица Столески создава своја “мајсторска работилница” за уметничко копаничарска дејност, наречена “Двери”.

 

 

Новица моментално работи на две дела едното е за српската православна црква во Франкфурт посветена на Христовото воскресение во византиски стил со плитка резба и второто на целивалната во Свети Ѓорги во Струга. Неговите дела од иконостаси, икони, целивални и певници, кои се речиси целосно рачно изработени, денес красат многу цркви и манастири низ земјава, но и низ Европа. На овој неверојатен успех му претходи истражувачка работа за откривање на веќе митските мистерии на Мијачката копаничарска школа. За резбарството како занает вели дека не е во изумирање, а тајните на изработка на мијачката резба ја пренесува на помладите.

Новица Столески е член на ЗКМАК почнувајќи од 1995 год. и е учесник на неколку први Копаничарски колонии во Свештениот општежителен манастир Свети Јован Бигорски. Во богатиот опус на реализирани уметнички творби влегуваат и делата изработени заедно со неговиот татко Методија на кому му ја должи сета љубов и знаење за копаничарската уметност. Стружанецот Новица со порака да го зачуваме, презентираме и негуваме вредното културно наследство со кое располага нашата земја.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.