Изработка на накит

 

 

21 годишната Сара Шаќири од Струга со своите вредни раце и креативност изработува најразлични украси, ташни, накит и декорации. Нејзините парчиња се уникатни, рачно изработени, впечатливи и неповторливи. Нивната изработка бара време, па токму и затоа се многу ценети и со посебно значење. Светките, монистата и бисерите се нејзин дел од мали нозе.

Од мала правев разни ташнички, кутии за шминки, новогодишни декорации, разни украси за моите кукли и накит. Ова ми е љубов и страст која што прерасна во денешен бизнис раскажува Сара.

 

 

Младата стружанка имала голема желба за творење и креативно изразување, па професионално со овој занает и уметност започнала да се занимава од нејзината 16 та година кога првите обетки и ланчиња ги правела за нејзините најблиски и другарки, па отворила онлајн продавница а денес има свој дуќан кој што се наоѓа покрај реката Црн Дрим во Струга.

Изработува разни работи на пример, ташни, обетки, венчиња, ланчиња и секаков друг вид на накит а инспирацијата како што вели доаѓа сама по себе од љубовта што ја има спрема уметноста. Нормално е дека овој занает бара многу труд, трпение и посветеност, затоа што сакаш крајниот производ да биде перфектен како што си го замислувал.И кога нештото го работиш со љубов тешкотиите се претвараат во уживање вели Сара.

 

 

Купувачите се од различна возраст и од различни земји, работи со туристи но и со локално население. Сара ги следи модните трендови, и зад себе остава личен печат во изработката. Внимава на сезонските колорити, модели, случувања.

Таа вели дека македонските дами знаат што сакаат, имаат изграден стил, но сепак постои поделеност на оние кои сакаат масивен накит и ташни, со оние кои преферираат поедноставни модели. Производите на младата стружанка се уникатни и обично не ги повторува, а работи и на персонализирани нарачки, тоа рачно изработено парче накит во секое делче содржи дел креативност и карактер за таа личност.

 

 

За оваа работа треба време и трпение но тоа зависи од секој производ поединечно во зависност од големината и моделот. Во почетокот можеби ми беше малку потешко да се снајдам но сега технологијата си го прави своето а и материјалите се полесно достапни посочува младата стружанка.

Изработка на накитот е одраз на нашата личност. Го одржува нашиот однос спрема природата, животот, модата и стилот. Сара им порачува на младите да се препуштат во изработката и создавањето оригинални парчиња накит, да се посветат да го дадат својот максимум и тоа да биде пример и инспирација за другите.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.