Филигран Шикалески

 

Шикалески - Кога се работи со љубов не е ништо тешко

Павлина и Петар Шикалески од Охрид изработуваат сребрен филигрански накит. Павлина од најмала возраст почнала да изработува слики со срмен конец, го доусовршува занаетот во Скопје а потоа го пренела на нејзиниот сопруг и двете деца кои им помагаат во работата.

Процесот за изработка на филигран започнува со подготовка на сребрена жица во различни димензии. Жиците се спојуваат и прво се обликува надворешниот изглед на производот. Потоа се пополнува внатрешноста со најтенка жица со која се изработуваат традиционалните елементи автентични за македонскиот филигран. На крај самиот производ се дообработува за да го добие финалниот изглед.

 

 

Поголем дел од накитот е изработен според нивна визија и креативност а она што е интересно е дека и двајцата не работат според однапред подготвена шема нацртана на лист хартија туку од моментална визија и инспирација .Но, секако тука се и желбите на купувачите. Нивните барања ги спојуваат со нивната креативност го изработуваат она што тие го бараат. Филигранскиот накит сам по себе е специфичен и претставува предизвик за креативноста на секој поединец. Овозможува слобода во создавањето и втемелувањето на традицијата и новото. Преплетување на традиционалното со модерното.

Во ателјето лоцирано во центарот на градот е застапена широка палета на производи, како брошеви, огрлици, прстени, обетки, бразлетни, слики и други предмети кои се изработени од традиционална филигранска техника и модернистички накит од чисто сребро, вели Павлина Шикалеска, успешен уметник и изработувач на филигран. Радува тоа што последниве години се почесто младите купуваат филигран како накит што не беше случај во минатото.Се купува за подароци, за себе, прослави и веселби.Интересно е и тоа што дури и венчални и веренички прстени од сребро налик на бурми се почесто се бараат.

 

 

Филигранскиот занает ме исполнува и тоа ми е најголемиот мотив.Самото дизајнирање и изработка на овој вид на накит придонесува да опстане вековната традиција во нашата земја вели охриѓанката Павлина. Овој занает како што вели фамилијата Шикалески или можеш или неможеш да го работиш потребно е трпение,добри очи,вешти раце и секако креативни идеи.Секој предмет е посебен и специфичен сам за себе и има своја приказна која е неповторлива.

Најголемото дело кое го изработиле со вештите раце е огрлицата која е уникатна на која работеле три месеци сместена во нивното атеље која не ги остава рамнодушни бројните посетители. При дизајнирањето на накит останувам веродостојна на себе со што накитот добива печат на оригиналност, и уникатност. Инспирација најчесто добивам од секојдневниот живот, од сѐ она што ме опкружува додава Павлина.

 

 

Во нивниот дуќан каде што е изложен накитот и каде им се наоѓа работилницата им се овозможува на туристите кои посебно се интересираат за рачната изработка на лице место да имаат можност да ја видат целосната постапка на правење парче накит од топење на сребро, изработка на жица и на крај спојот на жиците во парче накит.

Исто така го развиваат и „filigree experience“начинот на самостојна изработка на накит од самиот купувач како и часовите за филигранство кои ги посетувале и неколку ученици од странство. Нивните филиграни преку кои се претставува нашата традиција се застапени и во земјите надвор од нашата држава.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.