Цртежи на предмети од дрво

 

 

30 годишната охриѓанка Емилија Димитриеска изработува предмети од дрво на кои црта најразлични теми. Со уметност и сликање се занимава од најмала возраст а со овој занает со кој ја надополнува својата креативност три години. За време на ковид пандемијата добив инспирација следејќи некои трендови и идеи од социјалните мрежи да изработувам предмети од дрво и на нив да сликам најразлични мотиви, па така овој занает ми стана предзивик и е доста интересен вели Емилија.

Подметачи за чаши, даски, декоративни украси, дрвени табли лампиони, магнети се само дел од предметите кои со вредните раце ги изработува и ги нуди Емилија на социјалните мрежи. Таа вели дека овој занает ја исполнува и ја развива нејзината креативност. Секој производ се изработува рачно, па поради тоа е автентичен, а секој предмет или слика во себе содржат многу љубов, посветеност, внимание, прецизност.

 

 

Најбарани се персонализираните подароци кои ги купуваат муштериите односно 90 % бидејќи станува збор за парче кое е единствено и уникатно а го нема во локалните продавници. Купувачите се воодушевуваат од посебноста и креативноста, најмногу се купуваат овие производи за поклон а многу често знаат да си одберат и по некој предмет за дома.

Уникатноста ја доловува по тоа што изработките не се сериски изработени ,сите се различни, а при нивна изработка често ги зема предвид и барањата на купувачите, некоја замисла која сакаат да ја имаат на парче дрво во определена форма и големина. Се попривлечни се и мотивационите пораки на подметачи кои се секојдневен потсетник за важните работи во животот додека го пиете утринското кафе или чај вели охриѓанката.

 

 

Дрвото од кое ги изработува предметите е достапно а како што вели најмногу работи со даб и бука како најсигурна варијанта. Боите на дрвото се топли, релаксирачки, па не е ни чудо што дрвото е присутно секаде околу нас, во ентериерот, екстериерот и во нашето секојдневие.

Првиот предмет кој го изработила биле мали сликички на дрво кои сеуште ги чува за спомен а со текот на времето се доусовршува во оваа техника и прави најразлични комбинации. Доколку се работи со љубов не е ништо тешко а резултатот е видлив, инспирации црпи од природата, од сето она што не опкружува во зависнот од временските прилики и тоа кое годишно време е овој период доминираат природата на дрво во најразлични комбинации.

 

 

Во секое дело преточува како што вели позитивни емоции, мисли и чувства кои ги вградува во својата креација која е единствена сама по себе. Емилија на социјалните мрежи покрај тоа што ги нуди своите производи го прикажува и начинот на дел од изработките за кои вели дека кога подарувате рачна изработка подарувате и љубов и труд па доколку некој има желба и мотив повеќе може да се испроба во оваа техника.

Секој ден носи нови идеи и креации а овој занает кој ја исполнува вели дека ја смирува. Убавината е во деталите а желбите и идеите Емилија ги претвора во уметност. Емилија порачува дека секој преку изработка на некој предмет било да е тоа од дрво, хартија, стакло или камен ја развива креативноста.

 

Promote your Service

Activity

Add up to 3 images.

Validation code:
Enter the code above here :

Can't read the image? click here to refresh.